Опсесивна радост кај аутизмот

Linkedin   
Whatsapp   

Аутистичен сум. Можам да зборувам; зборував со себеси долго време пред да почнам да зборувам со другите. Мојот сензорен систем е хаос, моето сфаќање за јазикот не е најдобро, и ми треба повеќе време за да ги процесирам социјалните ситуации. Сè уште не можам да живеам сам или да управувам успешно со факултет или врски. Можам да објаснам, да се пожалам и да посакам да ги нема многу работи за мене и за мојот аутизам: моите проблеми да ги пронајдам вистинските зборови да кажам што навистина мислам, моето социјално функционирање заостанува , моите гумени изрази на лицето, мојата анксиозност, дисфункции на сетилниот систем, тенденција на мозок да се заглавам во режим на физичко самоуништување и land me in the ER. Можам да се пожалам од тоа да се биде социјализиран и едуциран како аутистичен и како аутсајдер, од недостаток на поддршка и разбирање и од постојаната потреба за едуцирање.

Едно од поважните работи за аутизмот е дека многу работи можат да те направат несреќен додека едвај влијаат на другите. Многу работи се потешки.

Но некои работи? Некои работи се многу полесни. Понекогаш да се биде аутистичен значи дека можеш да бидеш неверојатно среќен. И можеш да мафташ. Треба да истрајувате. Ги имаш најдобрите опсесии. Моите се: судоки и ,,Glee” (ТВ серија). Не се срамам.

Сега, ти можеби не разбираш. Бидејќи ,,опсесијата”, па дури и ,,упорноста” имаат специфичен речник и колоквијално значење кои секој ги користи и разбира коишто не се ни приближно блиску до описот на мојата поврзаност со она со што сум опсесивен. Тоа не е дека јас само седам во мојата соба, и срцето ми чука брзо, и сè што мислам е Glee, и сакам да читам за неа, да зборувам за неа, да не заспијам затоа што ќе ми одземе време од неа, и дека тоа е мојот живот во последните неколку години. Не е дека си играм судоку во мислите, и дека зборувам за можни броеви или Glee во сите разговори, вклучувајќи ги и оние во кои се бара сензорна пауза со цел ученикот да престане да вриска или да ги фрла предметите (Не е само асоцијација и притисок од срам, бидејќи кога и да се возбуди аутистичното лице за нешто, ќе има луѓе кои ќе се срамат и ќе го малтретираат.

Не е тоа. Тоа се сите работи кои би ги разбрале и процесирале невротипичните. Ова е повеќе. Не е ништо препознаето во ,,нормалното”.

Искуството е многу богато. Тоа е текстурирано, живо и слоевито. Вклучува радост. Машина од прегратки за мојот мозок. Го забрзува моето срце и ја развлекува мојата уста во насмевка на секои неколку минути. Чувствувам дека блескам. Секој дел од мене е потполно ангажиран и исполнет од опсесијата. Работите се јасни. Убаво е. Совршено е.

Мафтам кога ќе помислам на Glee или кога ќе завршам судоку. Правам смешни кратки звуци. Се вртам. Се смеам. Среќен сум. Да се биде аутистичен, за мене, значи многу различни нешта, но едно од најдобрите е што можам да бидам толку среќен, толку заробен во нешта кои другите не ги разбираат и толку обземен од сопствената радост, што не само што не е важно дека другите не го прават, туку и станува заразно.

Ова е дел од аутизмот што не можам да го објаснам. Ова е дел кој не би сакал да го изгубам.

Постои во милион форми. Момче кое шета само, мафта, потпевнува и се смее. ,,Интерес” или опсесија која е ,,соодветна на годините”- или можеби некоја не е. Удирање со прстите пред очи, монолог, ехолалична фраза. Дали аутистичните лица би требало да се срамат од сите овие нешта или да престанат да ги прават? Тоа е како ја искажуваме нашата радост. Ако би можел да се сменам три работи за тоа како светот го гледа аутизмот, тоа ќе бидат овие.  Светот да види дека ние чувствуваме радост – понекогаш толку интензивна и приватна и сеопфатна што опфаќа сè што може да чувствува светот. Светот да престане да нè казнува за нашата радост, да престане да ги граба прстите што удираат и да ги елиминира интересите кои не се ,,соодветни на годините”, да престане да се срами и да нè уверува дека не сме биле, и не можеме да бидеме среќни. И дека нашата радост се вреднува, гледајќи ја како потребна и убава страна од нашата попреченост.

Тоа е за опсесивната радост кај аутизмот. Па претпоставувам, ако се обидувам да објаснам што значи опсесијата (и, по потреба, опсесивна радост) за мене како аутистично лице, ќе се навратам на една стара слика од мал професор застанувајќи го секој случаен минувач и предавајќи му половина час. Премногу често, оваа средба се гледаше преку застрашените очи на несаканата заробена публика. Би сакал да ве поканам да погледнете преку очите на професорот, кој не е толку исплашен да ви го пренесе знаењето на вас додека е отворен за поплава од радост, кои тие не ја содржат.

А и зошто би сакале да содржите нешто како тоа?

Извор: https://juststimming.wordpress.com/2011/04/05/the-obsessive-joy-of-autism/