Покана за учество на настан по повод 2 април

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани младинци и лица со АСН,

Македонското научно здружение за аутизам има особена чест да ве покани да присуствувате на кинопроекцијата на филмот „Стела“ на 2 април 2022 година во Кинотека на Македонија. Во рамките на одбележување на Светскиот ден на аутизмот оваа година се одлучивме да го наречеме настанот: „Дружење, дружење и само дружење“ и ова е само логично продолжение на проектот „Пријателски места за аутизмот“ преку кој се одржуваат младински работилници секоја сабота со група на младинци со АСН во седиштето на МНЗА, поточно на Филозофскиот факулет во Скопје. Сметаме дека дружењето и социјализацијата се многу важна алка во вашиот третман.

Овде изразуваме јавна благодарност на вработените во Кинотека на Македонија за отстапениот простор, ресурси и понудата на филмот кој ќе биде бесплатен за оваа категорија на граѓани и за некој од нивните блиски роднини кои ќе бидат во придружба. Заради пандемијата со Ковид-19 местата се строго ограничени на бројот 70 и за да имаме комплетен увид во бројот на присутни гости Ве молиме да го пополните Гугл формуларот. Пред настанот ќе добиете потврдна е-пошта дека може да присустувате на проекцијата филмот. Филмот „Стела“ ќе биде прикажан на 2 април точно на пладне, а вие треба да бидете дојдени 5-10 минути пред настанот.

Со ова уште еднаш покажуваме дека социјалната инклузија на лицата со АСН е многу битен елемент во нивната рехабилитација и во прифаќањето на оваа група граѓани кои неправедно се маргинализирани од нашето општество.

Претседател на МНЗА