Работилница: “Пролет, лето, есен, зима…И повторно пролет“

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани,

Од први до петти март 2019 година во просториите на Национална Галерија на Македонија поточно во објектот „Чифте Амам”  лоциран во старата скопска чаршија и оваа година како дел од проектот “Уметност за сите“ се одржаа низа на работилници овој пат под мотото: „Пролет, лето, есен, зима…И повторно пролет“  наменети за децата со аутистичен спектар на нарушувања. На работилниците учествуваа и членови на МНЗА кои се дел од овој двогодишен проект.

Целта на работилниците е создавање на уметност од страна на децата и лицата со АСН кое  може да има терапевтски аспект, а исто така придонесува и за позитивни промени на нивното социјално однесување и насочување на вниманието.   Преку користење на различни материјали (хартија, каменчиња, листови од дрвја, колаж и сл.) бои и техники децата ја истакнуваа својата креативност, ги сликаа и претставуваа годишните времиња доживеани од свој агол. Покрај уметноста и „магијата“ која беше создавана во „Чифте Амам”, овие денови беа исполнети со дружба, забава и насмевки на  лицата со АСН, нивните семејства, специјалните едукатори и вработените од оваа институција. овие акгтивности ќе финишираат во месец април, каде што во Националната Галерија на Македонија ќе бидат изложени сликите на платна, како и фотографиите направени за време на овие дружби.

Секретар на МНЗА