Почитувани колешки и колеги,
Од 1 до 3 октомври во Каунас, Литванија се одржа првиот состанок во рамките на новиот Еразмус плус проект на МНЗА под наслов: „Поддршка на децата со аутизам преку физичко образование“ (201-1-LT01-KA220-SCH-000246848).
Клучни прашања на состанокот беа:
Презентација на проектот;
Партнери / презентации на координаторот;
Користење на Google диск, внатрешна комуникација, партнерски договор;
Надзор на проектот, план за итни случаи;
Управување со проекти, извештаи за напредок, евалуација, табели
Проектни трошоци, готовински тек-реални трошоци, одржливост
Расподелба на резултати од проектот;
Презентација на резултатите од проектот и поделба на задачите кон партнерите.
Партнери во проектот се:
- Kauno Prano Daunio ugdymo centras (Литванија)
- UNIVERSITY OF CUKUROVA (Туркије)
- Македонско научно здружение за аутизам (Македонија)
- MULTI-ACT STD (Туркије)
- Valmieras novada pasvaldibas Valmieras Gaujas krasta vidusskola attistibas centrs (Летонија)
- Rēzeknes pamatskola – attīstības centrs (Летонија).
Од МНЗА претставници на состанокот беа Весна Филиповска и м-р Фики Гаспар, членови на ИО. Нека ни е со среќа новиот проект!
Претседател на МНЗА