„Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Со особено задоволство сакаме да ве поканиме на серијата предавања што ќе ги одржи вонреден проф. д-р Јоана Косевска од Педагошкиот универзитет во Краков, Полска. Таа инаку е моја познаничка и соработник во последните 15 години во кои реализиравме одлична соработка. Овие предавања се инаку во серијата „Светските експерти на аутизмот гости на МНЗА“ што ги реализираме во последната 1,5 година, но овој пат со физичко присуство во живо на Филозофскиот факултет. Досега имаме пријавено 72 заинтересирани лица, но свесни сме дека многу од нив нема да дојдат. Затоа можеме да си дозволиме да се пријават уште 30-тина лица, за да во живо бидат 50-тина гости. Регистрацијата ќе се одвива најдоцна до 14 септември на следниот Гугл формулар. Инаку, предавањата ќе се одржат на 19 и 20 септември во големиот амфитеатар на ФЗФ со почеток во 13:00 часот. Пријавувањето е задолжително, превод и сертификати не се обезбедени, што значи во аудиториумот ќе имаме студенти и колеги кои ги интересира „чиста наука“. Во прилог се илустрациите за предавањата.

Претседател на МНЗА

Состанок на конзорциумот од Еразмус плус проектот ЛЕБЕЛ

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани посетители,

Од 13 до 15 јуни Македонското научно здружение за аутизам ќе биде домаќин на колеги и колешки од странство во рамките на Еразмус плус проектот ЛЕБЕЛ. Повеќе за активностите на проектот може да најдете ОВДЕ. Гостите ни доаѓаат од следните организации: Eskişehir AFAD, YERSIS, Turkish Down Syndrome Association, ESOGU UZEM, Tohum Autism Foundation, сите од Турција, European Down Syndrome Association, со седиште во Брисел и Univеrsity Cattolica Del Sacro Cuore од Италија. Состаноците ќе се одржуваат на Филозофскиот факултет во Скопје, заради што благодариме на Деканатот за отстапениот простор и ресурси. На состанокот ќе стане збор за досегашните проектни активности, напредокот на веб страницата и речникот, планови за идни состаноци. Инаку проектот трае до 31 декември оваа година и е финансисран од Еразмус програмата на ЕК. Покрај официјалната програма ќе има и богат социјален дел. По неколку години пауза и ние да бидеме домаќини на значаен состанок.

Претседател на МНЗА