Вебинари за аутизам во април

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги родители на децата со АСН,

Како што сите знаете април е месецот за подигнување на свесноста за аутистичниот спектар на нарушување. По тој повод ние во Македонското научно здружение одлучивме да одржиме серија вебинари некои наменети за родителите, други пак за професионалците и семејствата на децата со АСН.

На 2 април во 18:00 часот ќе се одржи третиот вебинар: „Родителите не ги оставаме сами“.

На 7 април во 18:00 часот ќе се одржи четвртиот вебинар: „Родителите не ги оставаме сами“.

Овие два вебинари се финансиски поддржани од Комерцијална банка Скопје и се наменети само за родители на деца со АСН. Пријавувањето се врши на следната е-пошта: secretary@mssa.org.mk.

На 8 април во 18:00 часот ќе се одржи вебинарот: „Решение за сложувалката наречена аутизам“. Овој вебинар е во организација на ГАСПАР центарот, а на него предавачи ќе бидат двајца членови на МНЗА.

Потоа, МНЗА продолжува со серија на вебинари на кои гости ќе бидат светски познати и признати аутизмолози. Тоа е единствена можност во Македонија за прв пат да ги чуете врвните имиња од оваа област.

На 19 април во 18:00 часот ќе се одржи вебинарот: „Гледајќи ја шумата и дрвјата: дијагностички тешкотии во времето на DSM-5“. Предавач на овој вебинар ќе биде проф. д-р Фред Волкмар од САД, кој е главен и одговорен уредник на престижното списание Journal of Autism and Developmental Disorders.

На 26 април гостин во 18:00 часот ќе ни биде познатиот проф. д-р Мануел Казанова повторно од САД. Насловот на неговата тема е мошне инспиративен и гласи: „Транскранијална магнетна стимулација кај аутизмот“. Тој е добитник на претседателската награда на Американкото здружение за медицина.

Доколку сакате да дознаете повеќе за настаните кликнете на погорните линкови. Во мај и јуни повторно продолжуваме со вебинарите „Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“, каде што ве очекуваат многу изненадувања.

Нека е на здравје!

Претседател на МНЗА