Предавањата на вон. проф. д-р Јоана Косевска

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Ви ги споделуваме предавањата на вон. проф. д-р Јоана Косевска што ги одржа на 19 и 20 септември 2022 година на Филозофскиот факултет, а во организација на Македонското научно здружение за аутизам.

Психолошки аспекти на аутизмот

Лични ресурси во справување со аутизмот

Аутизмот во Полска

Доколку ги користите, не заборавајте да ги цитирате, инаку ќе се смета за плагијаторство.

Претседател на МНЗА

МНЗА коорганизатор на конференција во Индија

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани читатели,

Со задоволство ве информираме дека МНЗА стана коорганизатор на конференција на Индиската академија за здравствена психологија што ќе се одржи во Индија од 22 до 24 декември 2022 година. Пријавувањето, темите и другите важни детали можете да ги најдете на следниот ЛИНК. Доколку се формира група на стручњаци од Македонија или Балканот би можело да се направи и онлајн учество. Ги очекуваме вашите пријави.

Претседател на МНЗА

Нова серија вебинари со светските експерти за аутизмот

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Со задоволство сакаме да ве поканиме на новата серија вебинари на МНЗА и Autism Research Institute (ARI) од Сан Диего, САД. ARI е еден од најпрестижните светски центри за аутизам кој се занимава со оваа проблематика околу 60 години. Затоа ни претставува голема чест што ќе имаме можност да бидеме домаќини на врвни експерти од областа на аутизмот. Како што знаете, ние веќе 1,5 година организираме серија на вебинари наречени „Светските експерти на аутизмот гости на МНЗА“. Сега само го продолжуваме континуитетот.

Па така на 10 октомври со почеток во 19:00 часот по македонско време ќе го реализираме 14-от вебинар по ред со проф. д-р Роберт Хендрен, психијатар од Сан Франциско.

Д-р Роберт Л. Хендрен, е професор по психијатрија и бихевиорална наука; Оддел за детска и адолесцентна психијатрија; Ко-директор на Центарот за дислексија при Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско (UCSF); и директор на Програмата за истражување на невроразвојни и применливи резултати (PRONTO). Д-р Хендрен е поранешен претседател на Американската академија за детска и адолесцентна психијатрија (2007-2009). Има објавено повеќе од 150 научни труда и 5 книги. Неговото име секоја година е дел од списокот „Најдобри доктори во Америка“, од објавувањето на овој список во 1996 година.

 Д-р Хендрен ја завршил својата резиденција по општа психијатрија на Медицинската постдипломска школа во Мајо, а специјализацијара по детска и адолесцентна психијатрија ја завршил во Центарот за проучување на деца на Јеил. Тој е сертифициран член на одборот за општа, како и за детска и адолесцентна психијатрија. Бил вработен на Медицинската школа при Универзитетот Џорџ Вашингтон, на Медицинската школа при Универзитетот на во Ново Мексико и на Универзитетот за медицина и стоматологија во Њу Џерси (денес Универзитет Рутгерс) – Медицинските школи Роберт Вуд Џонсон и Њу Џерси. Од 2001 до 2009 година, тој бил професор по психијатрија, извршен директор и Цакопулос-Висмара претседател на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, Институт M.I.N.D. (Медицинско истражување на невроразвојни нарушувања).

Сегашните области на истражување и интерес за публикување на Д-р Хендрен се применливи интервентни резултати, вклучувајќи клиничка фармакологија, нутрацевтски и нутриционистички испитувања со употреба на биомаркери (метаболомика, мерки за воспаление, оксидативен стрес, имунолошка функција, фармакогеномика и невровизуелизација) за подобрување на отпорноста при невроразвојни нарушувања. Денес применува пристап за истражување со таргетирани резултати на проекти во соработка со Школата Оук Хил за млади со тежок аутизам и невроразвоен спектар, Школата Чарлс Армстронг, Академијата Атена и Школата Чартвел за млади со дислексија.

Предност за присуство на овој вебинар и за следните два до Нова Година ќе имаат доктори по медицина, затоа што темите се строго медицински и секако членовите на МНЗА. Бројот на учесници е строго ограничен и за да добиете линк на платформата ЗУМ задолжително треба да се пријавите на следниот ФОРМУЛАР и да оставите точна е-пошта. Пријавувањето ќе се одвива најдоцна до 05.10.2022 година, по што формуларот ќе биде затворен. Ви благодариме што се пријавувате на нашите вебинари.

Претседател на МНЗА

„Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Со особено задоволство сакаме да ве поканиме на серијата предавања што ќе ги одржи вонреден проф. д-р Јоана Косевска од Педагошкиот универзитет во Краков, Полска. Таа инаку е моја познаничка и соработник во последните 15 години во кои реализиравме одлична соработка. Овие предавања се инаку во серијата „Светските експерти на аутизмот гости на МНЗА“ што ги реализираме во последната 1,5 година, но овој пат со физичко присуство во живо на Филозофскиот факултет. Досега имаме пријавено 72 заинтересирани лица, но свесни сме дека многу од нив нема да дојдат. Затоа можеме да си дозволиме да се пријават уште 30-тина лица, за да во живо бидат 50-тина гости. Регистрацијата ќе се одвива најдоцна до 14 септември на следниот Гугл формулар. Инаку, предавањата ќе се одржат на 19 и 20 септември во големиот амфитеатар на ФЗФ со почеток во 13:00 часот. Пријавувањето е задолжително, превод и сертификати не се обезбедени, што значи во аудиториумот ќе имаме студенти и колеги кои ги интересира „чиста наука“. Во прилог се илустрациите за предавањата.

Претседател на МНЗА