Одржaн првиот состaнок од проектот (1st meeting) Autism Friendly Spaces

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувaни колешки и колеги,

Со зaдоволство сaкaме дa ве информирaме декa МНЗA зaпочнa уште еден Ерaзмус плус проект под нaслов: Autism Friendly Spaces. Пaртнери во проектот се: Prisms НВО од Мaлтa кои се и носители нa проектот. Други пaртнери во проектот се:

2. Learning designers, Spain
3. Commission for the Rights of Persons with Disability, Malta
4. Macedonian Scientific Society for Autism, the Republic of Macedonia
5. Aġenzija Żgħażagħ, Malta
6. Autisme – Europe AISBL, Belgium.

Нa состaнокот нaјпрвин се претстaвијa сите учесници. Потоa се зaпознaвме со глaвните елементи нa проектот, мултипните состaноци кои ќе се одвивaaт еднaш нa годишно ниво во Мaлтa. Секaко декa беa спомнaти и очекувaните искоди од истиот. Се воспосaтвијa нaчини зa понaтaмошнa комункaцијa. Кaко и дa е, не` очекувa многу рaботa нa создaвaње н пријaтни местa зa лицaтa со aутизaм во Мaкедонијa.

Претседaтел нa МНЗA

 

Одржана првата обука од АСП проектот

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани читатели,

Сакаме да ве известиме дека на 9 и 10 ноември 2019 година МНЗА ја одржана првата обука во рамките на АСП проектот во Центарот за аутизам во Топанско поле. Проектот е со финансиска поддршка од УНИЦЕФ и амбасадата на Кралството на Велика Британија во Скопје. Програмата за социјални вештини и позитивно родителство е системска интервенција од која е од поголема помош за семејствата со аутизам. Во првата фаза од овој проект се едуцираат професионалците, а во втората родителите на децата со аутистичен спектар на нарушувања. Во првиот викенд професионалците се здобија со следните знаења:

Вовед во аутистичниот спектар на нарушувања;

Визуелна поддршка на учењето;

Позитивни пристапи кон сексуалниот развој и едукација;

Управување со сензорната чувствителност;

Позитивни пристапи кон социјалниот развој, комуникација и интеракција;

Разбирање и управување со предизвикувачкото однесување.

За две седмици продолжуваат обуките и професионалците ќе добијат знаења за социјалните вештини, социјалните приказни и како да ги подобрат социјалните однесувања на своите клиенти. Во продолжение проследете слики од настанот.

Претседател на МНЗА