Нова серија вебинари со светските експерти за аутизмот

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Со задоволство сакаме да ве поканиме на новата серија вебинари на МНЗА и Autism Research Institute (ARI) од Сан Диего, САД. ARI е еден од најпрестижните светски центри за аутизам кој се занимава со оваа проблематика околу 60 години. Затоа ни претставува голема чест што ќе имаме можност да бидеме домаќини на врвни експерти од областа на аутизмот. Како што знаете, ние веќе 1,5 година организираме серија на вебинари наречени „Светските експерти на аутизмот гости на МНЗА“. Сега само го продолжуваме континуитетот.

Па така на 10 октомври со почеток во 19:00 часот по македонско време ќе го реализираме 14-от вебинар по ред со проф. д-р Роберт Хендрен, психијатар од Сан Франциско.

Д-р Роберт Л. Хендрен, е професор по психијатрија и бихевиорална наука; Оддел за детска и адолесцентна психијатрија; Ко-директор на Центарот за дислексија при Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско (UCSF); и директор на Програмата за истражување на невроразвојни и применливи резултати (PRONTO). Д-р Хендрен е поранешен претседател на Американската академија за детска и адолесцентна психијатрија (2007-2009). Има објавено повеќе од 150 научни труда и 5 книги. Неговото име секоја година е дел од списокот „Најдобри доктори во Америка“, од објавувањето на овој список во 1996 година.

 Д-р Хендрен ја завршил својата резиденција по општа психијатрија на Медицинската постдипломска школа во Мајо, а специјализацијара по детска и адолесцентна психијатрија ја завршил во Центарот за проучување на деца на Јеил. Тој е сертифициран член на одборот за општа, како и за детска и адолесцентна психијатрија. Бил вработен на Медицинската школа при Универзитетот Џорџ Вашингтон, на Медицинската школа при Универзитетот на во Ново Мексико и на Универзитетот за медицина и стоматологија во Њу Џерси (денес Универзитет Рутгерс) – Медицинските школи Роберт Вуд Џонсон и Њу Џерси. Од 2001 до 2009 година, тој бил професор по психијатрија, извршен директор и Цакопулос-Висмара претседател на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, Институт M.I.N.D. (Медицинско истражување на невроразвојни нарушувања).

Сегашните области на истражување и интерес за публикување на Д-р Хендрен се применливи интервентни резултати, вклучувајќи клиничка фармакологија, нутрацевтски и нутриционистички испитувања со употреба на биомаркери (метаболомика, мерки за воспаление, оксидативен стрес, имунолошка функција, фармакогеномика и невровизуелизација) за подобрување на отпорноста при невроразвојни нарушувања. Денес применува пристап за истражување со таргетирани резултати на проекти во соработка со Школата Оук Хил за млади со тежок аутизам и невроразвоен спектар, Школата Чарлс Армстронг, Академијата Атена и Школата Чартвел за млади со дислексија.

Предност за присуство на овој вебинар и за следните два до Нова Година ќе имаат доктори по медицина, затоа што темите се строго медицински и секако членовите на МНЗА. Бројот на учесници е строго ограничен и за да добиете линк на платформата ЗУМ задолжително треба да се пријавите на следниот ФОРМУЛАР и да оставите точна е-пошта. Пријавувањето ќе се одвива најдоцна до 05.10.2022 година, по што формуларот ќе биде затворен. Ви благодариме што се пријавувате на нашите вебинари.

Претседател на МНЗА

Преведен ATEC на македонски јазик

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Сакаме да ве известиме дека Autism Treatment Evaluation Checklist е преведена на македонски јазик и поставена на веб страницата на Инситутот за истражување на аутизмот во Сан Диего.

Autism Treatment Evaluation Checklist (ATEC) претставува метода зa утврдување и анализа на ефективноста од третманот за аутизам. ATEC примарно е дизајниран да ја процени и утврди ефективноста на третманите со аутизам, но исто така може да биде корисен како алатка за скрининг за деца. Доколку родителите би можеле да вршат редовни психометриски проценки на нивните деца, тогаш цената на клиничките испитувања ќе се намали, овозможувајќи подолги клинички испитувања со поголем број на учесници. Прашалникот е дизајниран за употреба со деца на возраст од 2–12 години.

Листата е преведена на 22 јазици, меѓу кои и македонскиот и сите родители и професионалци можат да ја пополнат онлајн овде.

Претседател на МНЗА