
Category: Webinar
Претставување на презентерите на вебинарите – Владимир Трајковски
Почитувани колешки и колеги,
Во оваа рубрика сакаме да ви ги претставиме презентерите на вебинарите што ќе се одржуваат во месец мај и јуни со нивните куси биографии. Вебинароте ќе се одржуваат на платформата на програмот Зоом, а ќе бидат стримувани на Фејсбук страницата на МНЗА. На првиот вебинар што ќе се одржи во четврток со почеток во 12:00 часот ќе презентира проф. д-р Владимир Трајковски. Доколку не сте се пријавиле, а сакате, тоа може да го сторите на следниот линк.
Д-р Владимир Трајковски е редовен професор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација, на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е претседател и еден од основачите на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА). Веќе 21 година негова преокупација е аутистичниот спектар на нарушувања. Од 2008-2017 бил главен и одговорен уредник на списанието Journal of Special Education and Rehabilitation, а во моментот 2 години е главен и одговорен уредник ан интернационалното списание Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. Во 2004 година го воведува предметот „Аутизам“ на постдипломските студии на Филозофскиот факултет.
Учествува на 90-тина семинари, конгреси, симпозиуми и конференции во земјата и странство. Активно партиципира во приготвувањето и реализирањето на 15 стручно-научни национални и интернационални проекти. Има остварено студиски посети во девет европски држави. Автор е на околу 100 трудови во домашната и странската периодика од кои 11 се во списанија со фактор на влијание. Од позначајните дела вредно е да се споменат: „Практикум по хумана генетика“ (2003), монографијата „Аутизам“ (2004), учебниците: „Хумана генетика“ (2005), „Медицински основи на инвалидноста (2008)“, „Физиологија со функционална анатомија“ (2009) и „Аутизам и первазивни развојни нарушувања (2011)“, Хумана генетика и физиологија (2018).
Во моментот е визитинг професор на универзитетот Алма Матер Еуропеа во Словенија, член на Македонското здружение за хумана генетика, член на уредувачки одбори на 5 меѓународни списанија, а исто така дава свој придонес во работата на разни тела на меѓународни асоцијации и здруженија (Аутизам Европа, ЕАСПД, ИАССИД, МАМХ) кои го третираат аутизмот, интелектуалната попреченост и инвалидноста.
ИО на МНЗА
Прв вебинар: Сензорна пречувствителност кај аутистичен спектар
Почитувани колешки и колеги,
Имаме чест да ве поканиме на првиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 7 мај со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што ќе ги одржат членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се во рамките на пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. “Првиот вебинар е со наслов: „Сензорна пречувствителност кај аутистичен спектар на нарушувања“, а ќе го реализира проф. д-р Владимир Трајковски. Модератор ќе биде м-р Ивана Василевска Петроовска.
Вебинарот е наменет за родители, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти и сите кои се заинтересирани за оваа област.
ПОВЕЛЕТЕ пријавете се на следниот линк
ИО на МНЗА

Вебинари за аутизмот на членовите на МНЗА
Почитувани колешки и колеги,
Во текот на месец мај и јуни во рамките на проектот „Социјални вештини и поддршка на семејствата кои имаат деца со аутизам“, а кој го реализираме со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ Македонија и Британската амбасада ќе реализираме вкупно 9 вебинари. Вебинарите ќе се реализираат преку професионалната верзија на програмот Zoom и ќе бидат наменети за специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, доктори по медицина, педагози, студенти, родители и сите други професионалци кои ги тангира оваа проблематика. Вебинарите ќе бидат стримувани во живо на Фејсбук страницата на МНЗА . За да учествувате на истите ќе треба да се пријавите на следната е-пошта secretary@mssa.org.mk и да добиете линк од секретарката на здружението. Вие драги посетители ќе можете да земете учество на вебинарите со прашања и дискусии.
Во прилог се петте вебинари предвидени за месецот мај. Запомнете дека сите се во четврток со почеток точно на пладне.
| Тема /модул | Предавач | Модератор |
| 1. Сензорна пречувствителност кај аутистичен спектар на нарушувања | Владимир Трајковски
7 мај 12:00 часот |
Ивана Василевска Петровска |
| 2. Визуелна поддршка + социјална интеракција и комуникација и предизвикувачко однесување | Весна Филиповска
14 мај 12:00 часот |
Александра Карагирова |
| 3. Сексуален развој и сексуална едукација | Тања Станкова
21 мај 12:00 часот |
Весна Филиповска |
| 4. Проблеми во исхрана и спиење | Владимир Трајковски
28 мај 12:00 часот |
Андреа Ивановска |
| 5. Родителски групи за поддршка | Фики Гаспар
4 јуни 12:00 часот |
Весна Филиповска |
ИО на МНЗА
