Вебинари за аутизам во април

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги родители на децата со АСН,

Како што сите знаете април е месецот за подигнување на свесноста за аутистичниот спектар на нарушување. По тој повод ние во Македонското научно здружение одлучивме да одржиме серија вебинари некои наменети за родителите, други пак за професионалците и семејствата на децата со АСН.

На 2 април во 18:00 часот ќе се одржи третиот вебинар: „Родителите не ги оставаме сами“.

На 7 април во 18:00 часот ќе се одржи четвртиот вебинар: „Родителите не ги оставаме сами“.

Овие два вебинари се финансиски поддржани од Комерцијална банка Скопје и се наменети само за родители на деца со АСН. Пријавувањето се врши на следната е-пошта: secretary@mssa.org.mk.

На 8 април во 18:00 часот ќе се одржи вебинарот: „Решение за сложувалката наречена аутизам“. Овој вебинар е во организација на ГАСПАР центарот, а на него предавачи ќе бидат двајца членови на МНЗА.

Потоа, МНЗА продолжува со серија на вебинари на кои гости ќе бидат светски познати и признати аутизмолози. Тоа е единствена можност во Македонија за прв пат да ги чуете врвните имиња од оваа област.

На 19 април во 18:00 часот ќе се одржи вебинарот: „Гледајќи ја шумата и дрвјата: дијагностички тешкотии во времето на DSM-5“. Предавач на овој вебинар ќе биде проф. д-р Фред Волкмар од САД, кој е главен и одговорен уредник на престижното списание Journal of Autism and Developmental Disorders.

На 26 април гостин во 18:00 часот ќе ни биде познатиот проф. д-р Мануел Казанова повторно од САД. Насловот на неговата тема е мошне инспиративен и гласи: „Транскранијална магнетна стимулација кај аутизмот“. Тој е добитник на претседателската награда на Американкото здружение за медицина.

Доколку сакате да дознаете повеќе за настаните кликнете на погорните линкови. Во мај и јуни повторно продолжуваме со вебинарите „Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“, каде што ве очекуваат многу изненадувања.

Нека е на здравје!

Претседател на МНЗА

Деветти вебинар: Активности за социјален и комуникациски развој

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги родители

Се доближивме до крајот на нашите девет вебинари и 2 месеци дружење со вас. Искрено сакаме да ве поканиме на девттиот вебинар што ќе се одржи овој пат во вторник на 30 јуни со почеток во 12:00. Додека другите организации ви наплатуваат семинари, конференции и вебинари ние членовите на Македонското научно здружение за аутизам не го чиниме тоа. Овие вебинари се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. Девттиот и последен вебинар е со наслов: „Активности за социјален и комуникациски развој“, а ќе го реализира Весна Филиповска, секретар на МНЗА. Модератор ќе биде м-р Ивана Василевска Петровска, потпретседател на МНЗА.

Вебинарот е наменет за специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти, родители и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Доколку сакате да учествувате повелете регистрирајте се на следниот ЛИНК. Втората опција е да го следите преку официјалниот Јутјуб канал на Macedonian Scientific Society for Autism.

ИО на МНЗА

Осми вебинар: Пристапи, стратегии и поддршка во социјалната интервенција за деца со состојби од аутистичниот спектар

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги родители

Со особена чест сакаме да ве поканиме на осмиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 25 јуни со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе подолго време ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. Осмиот вебинар е со наслов: „Пристапи, стратегии и поддршка во социјалната интервенција за деца со состојби од аутистичниот спектар“, а ќе го реализира м-р Ивана Василевска Петровска, потпретседател на МНЗА. Модератор ќе биде Александра Карагирова, член на МНЗА.

Вебинарот е наменет за специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти, родители и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Доколку сакате да учествувате повелете регистрирајте се на следниот ЛИНК. Втората опција е да го следите преку официјалнит Јутјуб канал на Macedonian Scientific Society for Autism.

ИО на МНЗА

Седми вебинар: Процена и планирање на интервенција кај аутизмот

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги родители

Имаме чест да ве поканиме на седмиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 18 јуни со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. Седмиот вебинар е со наслов: „Процена и планирање на интервенција кај аутизмот“, а ќе го реализира м-р Ивана Василевска Петровска, потпретседател на МНЗА. Модератор ќе биде м-р Фики Гаспар, член на ИО на МНЗА.

Вебинарот е наменет за специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти, родители и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Повелете регистрирајте се на следниот ЛИНК.

ИО на МНЗА

 

Шести вебинар: Развојни аспекти на социјалните вештини и предизвици кај аутизмот

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги родители

Имаме чест да ве поканиме на шестиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 11 јуни со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. Шестиот вебинар е со наслов: „Развојни аспекти на социјалните вештини и предизвици кај аутизмот“, а ќе го реализира м-р Ивана Василевска Петровска, потпретседател на МНЗА. Модератор ќе биде Весна Филиповска, секретар на МНЗА.

Вебинарот е наменет за специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти, родители и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Повелете регистрирајте се на следниот ЛИНК.

ИО на МНЗА

Претставување на презентерите на вебинарите – Фики Гаспар

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Денес ви го претставуваме следниот презентер на петтиот вебинар што ќе се одржи на 04.06.2020 во 12:00 часот преку платформата Zoom, а тоа е членот на ИО на МНЗА, м-р Фики Гаспар.

Фики Гаспар е лидер и одговорно лице на тимот со кој што раководи. Брзо приспособлив на повеќе активности, со способност за многубројна калкулација на разни исходи во одредена акција и личност со високо ниво на перцепција на активностите. Високо образование завршува во 2016 година на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје и се здобива со титулата Дипломиран психолог. Во 2019 година Фики Гаспар магистрира на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” и се здобива со титулата магистер педагошки психолог.

          Во периодот од 2016 до 2017 година, Гаспар посетува Неурофидбек тренинг и станува неурофидбек терапевт. Во 2017 година станува соработник во “Св.Кирил и Методиј” – Центар за посебни потреби, а истата година е и предавач во Косово. Во периодот од 2018 до 2019 година, Фики е дел од Едукацијата за Клиничка невропсихологија со невропсихолошка дијагностика, во организација на “Когниција” – Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија. Тој во 2018 година се зачленува  во Македонското научно здружение за аутизам, каде што во 2019 година станува и член на извршниот одбор. Во 2019 година учествува и во Инклузивна Училница Ерасмус +, а покрај тоа е и член во ПСИХЕСКО – Зружение на студенти по психологија. Своите вештини и искуства ги надоградува постојано посетувајќи бројни обуки и конференции.

          Фики Гаспар моментно е управител на “Гаспар”- Центар за психофизичко здравје, неурофидбек терапевт и директор на Фондација “Митра Толупова” која работи на подобрување на психофизичкото здравје, афирмирање и инклузија во сите сфери на општественото живеење на лицата со попреченост, како и организирање и спроведување на едукативни настани, работилници и проекти.

Распоред на вебинарите за месец јуни

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани родители, драги колешки и колеги,

Досега ние членовите од МНЗА завршивме 4 вебинари во месец мај. Остануваат уште 5 вебинари да се реализираат во месец јуни. Вебинарите се реализираат секој четврток во 12:00 часот на платформата Zoom, а се пренесуваат или во живо или одложено на официјалната Фејсбук страница на МНЗА и официјалниот Јутјуб канал на МНЗА. Вебинарите се во рамките на АСП програмата, а се финансиски поддржана од канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија и амбасадата на Велика Британија во Скопје.

Во продолжение преглед на презентерите, модераторите и насловите на темите за месец јуни. Придружете ни се!

5. Родителски групи за поддршка Презентер

Фики Гаспар

 4 јуни 12:00 часот

Модератор

Владимир Трајковски

6.       Развојни аспекти на социјалните вештини и предизвици кај аутизмот Ивана Василевска Петровска 11 јуни 12:00 часот Весна Филиповска
7.       Процена и планирање на интервенција Ивана Василевска Петровска 18 јуни 12:00 часот Фики Гаспар
8.       Пристапи, стратегии и поддршка во интервенцијата Ивана Василевска Петровска 25 јуни 12:00 часот Александра Карагирова
9.       Активности за социјален и комуникациски развој Весна Филиповска

 30 јуни 12:00 часот

Ивана Василевска Петровска

ИО на МНЗА

Петти вебинар: Родителски групи за поддршка

Linkedin   
Whatsapp   

Драги родители, почитувани колешки и колеги

Имаме чест да ве поканиме на петтиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 4 јуни со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. “Петтиот вебинар е со наслов: „Родителски групи за поддршка“, а ќе го реализира м-р Фики Гаспар, психолог и член на ИО на МНЗА. Модератор ќе биде проф. д-р Владимир Трајковски.

Вебинарот е наменет за родители, психолози, специјални едукатори и рехабилитатори, наставници, студенти и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Сите заинтересирани повелете регистрирајте се на Zoom на следниот ЛИНК.

ИО на МНЗА

Четврт вебинар: Проблеми во исхрана и спиење кај децата со АСН

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Имаме чест да ве поканиме на чевртиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 28 мај со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. “Четвртиот вебинар е со наслов: „Проблеми во исхрана и спиење кај децата со АСН“, а ќе го реализира проф. д-р Владимир Трајковски, претседател на МНЗА. Модератор ќе биде Андреа Ивановска, студентка на Институтот за психологија, при ФЗФ Скопје.

Вебинарот е наменет за родители, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Повелете регистрирајте се на Zoom додека има места.

ИО на МНЗА

Трет вебинар: Сексуален развој и сексуална едукација кај деца со АСН

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Имаме чест да ве поканиме на третиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 21 мај со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се во рамките на проектот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. “Третиот вебинар е со наслов: „Сексуален развој и сексуална едукација кај деца со АСН“, а ќе го реализира специјалниот едукатор и рехабилитатор м-р Тања Станкова, долгогодишен член на МНЗА. Модератор ќе биде Весна Филиповска. Вебинарот ќе се реализира на платформата Zoom, а ќе биде пренесуван во живо и на официјалниот Јутјуб канал на МНЗА.

Вебинарот е наменет за родители, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Драги посетители, повелете пријавете се на следниот ЛИНК.

ИО на МНЗА