Почитувани читатели,
Сакаме да ја споделиме брошурата од ЛЕБЕЛ проектот под наслов „Учам и ги надминувам своите граници“. Проектот беше во рамките на Еразмус плус програмата финансиран од Европската Комисија.
Претседател на МНЗА
Почитувани читатели,
Сакаме да ја споделиме брошурата од ЛЕБЕЛ проектот под наслов „Учам и ги надминувам своите граници“. Проектот беше во рамките на Еразмус плус програмата финансиран од Европската Комисија.
Претседател на МНЗА
Почитувани претставници на медиумите,
Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) по повод завршување на проектот „Учам и ги надминувам своите граници“ има чест да Ве покани на промоцијата што ќе се одржи во понеделник на 12.12.2022 година во 12:00 часот во сала за седници на Филозофскиот факултет во Скопје.
Проектот е финансиран од Еразмус плус програмата на ЕУ и истиот го спроведуваме заедно со други 7 асоцијации од Турција, Италија и ЕДСА.
Проектот е наменет за изработка на образовни документи со специјална образовна методологија за да можат лицата со аутизам, Даун синдром или интелектуална попреченост да се стекнат со вештини за да го покажат вистинскиот курс на дејствување по катастрофи и вонредни ситуации.
Главните цели на овој проект се:
На промоцијата ќе бидат прикажани резултатите од проектот. Повеќе информации за проектот може да се најдат на веб страниците: http://afadotizmdown.ogu.edu.tr/ и https://www.lebelproject.com/.
Покрај членовите на МНЗА ќе присуствуваат и членови од Дирекцијата за управување со кризи, претставници на Црвениот Крст на град Скопје, родители на деца со аутизам, Даун синдром, интелектуална попреченост и други невладини организации.
Во прилог на оваа информација ви ја праќаме и програмата на настанот и постерот за илустрација. Доколку сте заинтересирани за изјави Ве молиме најдоцна во 11:45 часот да бидете во салата за седници на Филозофскиот факултет во Скопје.
Белешки до уредникот
МНЗА е национална асоцијација со најдолг стаж од 22,5 години во полето на аутизмологијата во Македонија. Главна цел е да ги унапреди правата на лицата со аутизам и нивните семејства и да им помогне да го подобрат квалитетот на нивниот живот. Обезбедува ефективна и ефикасна врска со други меѓународни организации за аутизам и соработува со меѓународни научни и образовни институции. Членовите на МНЗА објавуваат книги, прирачници, памфлети, брошури, како и научни трудови во високо реномирани научни списанија со фактор на влијание.
Претседател на МНЗА
Почитувани родители, колешки и колеги,
Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) по повод завршување на проектот „Учам и ги надминувам своите граници“ (ЛЕБЕЛ) има особена чест да Ве покани на промоцијата што ќе се одржи во среда на 12.12.2022 година во 12:00 часот во сала за седници на Филозофскиот факултет.
Проектот е финансиран од Еразмус плус програмата на ЕУ и истиот го спроведуваме заедно со други 7 асоцијации од Турција, Италија и ЕДСА.
Проектот наменет за изработка на образовни документи со специјална образовна методологија за да можат лицата со аутизам, Даун синдром или интелектуална попреченост да се стекнат со вештини за да го покажат вистинскиот курс на дејствување по катастрофи и вонредни ситуации.
Главните цели на овој проект се:
На промоцијата ќе бидат прикажани резултатите од проектот. Повеќе информации за проектот може да се најдат на веб страницата: http://afadotizmdown.ogu.edu.tr/ и https://www.lebelproject.com/.
Напоменуваме дека од 11:30 часот започнува регистрацијата и Ве замолуваме да бидете точни затоа што планираме да почнеме точно во 12:00 часот. Потенцираме дека оваа покана е лична и не е пренослива на други лица. Претходно е задолжително пријавување на Гугл формуларот, а бројот на учесници е строго ограничен. Предност ќе имаат родители на деца со аутизам, Даун синдром и интелектуална попреченост, невладини организации што се занимаваат со оваа проблематика, членови на МНЗА и постдипломци на насоката ИП и аутизам на Филозофскиот факултет во Скопје.
Претседател на МНЗА
Почитувани,
Пристапно дигитално образование за ученици со аутизам и интелектуална попреченост: Иновативни решенија и подобрување на компетенциите на едукаторите. Проектот ISEC-ADE (Пристапно дигитално образование за ученици со аутизам и интелектуална попреченост: иновативни решенија и подобрување на компетенциите на едукаторите), беше започнат во 2022 година од меѓународен конзорциум партнери со поддршка од Еразмус плус програмата на Европската унија, како одговор на проширувањето на образовниот јаз и влошување на нееднаквостите на учениците со состојби на аутистичниот спектар (САС) и интелектуална попреченост (ИП) низ Европа, каде што пристапот до можностите за учење што ги нуди дигиталната технологија за ученици со САС и ИП е многу ограничен. Образовниот систем се повеќе е дел од дигиталната трансформација и може да ги искористи нејзините придобивки и можности. Сепак, исто така, треба ефикасно да управува со ризиците од дигиталната трансформација, вклучувајќи го и ризикот од дигитален јаз каде што одредени луѓе можат да имаат повеќе корист од другите. Според ЕАСПД (2020) искуството среде пандемијата на коронавирус, покажа континуирана сегрегација на лицата со попреченост во образовните услови. Оваа сегрегација особено ја доживуваат учениците со „невидливи попречености“ како што се состојбите на аутистичниот спектар (САС) и интелектуалната попреченост (ИП). ISEC-ADE вклучува 6 партнери од академската заедница, експерти за аутизам, професионалци за образование и семејства и тоа од: Македонија се: Македонското научно здружение за аутизам и Аутизам институтот, од Бугарија е: Центар за специјална образовна поддршка „Д-р Петер Берон“, од Кипар е Шипкон, од Грција се: Циклизис и ДАДАА. За ISEC ADE конзорциумот, императив се образовните потреби на учениците со САС и ИП да бидат соодветно адресирани за време на дигиталната трансформација во образованието, без оглед на нивниот тип на школување, имплементирање на правата на лицата со попреченост на инклузивно, достапно и висококвалитетно образование на сите нивоа (UNCRPD). Затоа, главната цел на проектот е да се намали дигиталниот јаз во образованието за ученици со аутизам преку обезбедување инфраструктура за дигитално учење со отворен пристап (веб-апликација) достапна за учениците со аутизам и платформа за споделување на отворени образовни ресурси. Ова ќе одговори на главните предизвици со кои се соочуваат училишните системи поради недостатокот на дигитални алатки и образовни содржини за учениците со САС и ИП. Сепак, на едукаторите им треба збир на дигитални компетенции специфични за нивната професија за да можат да го искористат потенцијалот на дигиталните технологии за подобрување и иновирање на образованието, како и наставни компетенции специфични за САС и ИП. Во однос на оваа потреба, ќе се обезбеди натамошна поддршка на образовната заедница со методолошки насоки за имплементација на дигиталната алатка за достапни и квалитетни можности за учење, како и можности за професионален развој на воспитувачите, бидејќи тие работат на обезбедување на правично образовно искуство за ученици со аутизам и интелектуална попреченост.
Почитувани посетители,
Од 13 до 15 јуни Македонското научно здружение за аутизам ќе биде домаќин на колеги и колешки од странство во рамките на Еразмус плус проектот ЛЕБЕЛ. Повеќе за активностите на проектот може да најдете ОВДЕ. Гостите ни доаѓаат од следните организации: Eskişehir AFAD, YERSIS, Turkish Down Syndrome Association, ESOGU UZEM, Tohum Autism Foundation, сите од Турција, European Down Syndrome Association, со седиште во Брисел и Univеrsity
Претседател на МНЗА
Почитувани директори на основните и средните училишта,
Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) и партнерите од Autism Friendly Spaces конзорциумот, го креираа Autism Friendly системот за сертификација на јавни институции, приватни компании и граѓански организации кои умеат да покажат повисока општествена одговорност, свесност и разбирање и се подготвени да направат одредени прилагодувања за да бидат попристапни за лицата и децата со аутизам.
Во оваа прилика, Ве покануваме да бидете дел од првите сертифицирани Autism Friendly места во Европа.
За нас, училиштата имаат посебно значење во оваа иницијатива, затоа што прилагодениот (autism friendly) училишен простор, кој учениците го посетуваат секојдневно, ќе донесе значајни придобивки за нив. Од друга страна, училиштата кои се стремат да бидат инклузивни, или ги поддржуваат инклузивните вредности, имаат обврска да обезбедат еднакви услови за развој на сите ученици. Поради ова, сметаме дека инклузивните основни општински училишта, како и основните училишта со ресурсен центар, можат да имаат стратешки и развоен интерес да се вклучат во оваа важна иницијатива.
Сертификацијата е бесплатна и им овозможува на различните ентитети да го добијат Autism Friendly сертификатот, како знак на препознавање, кој може да се постави на веб страна и социјални медиуми. Со добивање на сертификатот, организацијата ќе биде поставена на мапата на Autism Friendly места на autismfriendlyspaces.eu и на мобилната апликација достапна на Google Play. Првите сертифицирани организации може да учествуваат на националната промоција на Системот за сертификација во организација на МНЗА, како и на европската промоција во организација на Autism – Europe од Белгија.
Што е потребно за да се добие сертификатот?
Прилагодувањата се доста широки и зависат во голема мера од самиот простор, како и од можностите и ограничувањата на организацијата, во рамката на разумни прилагодувања, согласно КПЛП. Во публикацијата ИО2 – Критериуми во прилог на оваа покана, одвоивме неколку примери на типични прилагодувања кои се применливи во училишен простор. Македонското научно здружение за аутизам Ви стои на располагање, во рамки на својата експертиза, за консултации и фасцилитирање на процесот на прилагодување на просторот, како и пристапноста до информации за учениците со аутизам.
Доколку ја препознавате вредноста на оваа иницијатива, и сте заинтересирани да се вклучите, Ве молиме контактирајте ја м-р Ивана Василевска Петровска, на оваа е-пошта: vicepresident@mssa.org.mk.
Потпретседател на МНЗА
Почитувани,
Во вторник на 22 јуни на платформата ЗУМ почнуваме со обуките кои ви ги ветивме минатиот месец. Тоа ќе бидат 5 модули од кои за 3 ќе ви бидат обезбедени вебинари, а другите два ќе ги учите самостојно. Се пријавија 46 учесници, а списокот за пријавување е затворен. Иако предвидениот број требаше да биде 20-25, ние направивме отстапка и дозволивме да учествуваат 46 учесници кои за да добијат сертификат мора да бидат присутни на сите 3 вебинари. Во прилог агендата за првиот модул.
Претседател на МНЗА
Почитувани колешки и колеги, драги родители на деца со АСН
Чувствувам потреба како транспарентен човек да споделам делови од завршниот извештај што го поднесов до финансиерот на проектот „Родителите не ги оставаме сами“ Комерцијална банка АД Скопје. Во продолжение извадоци:
Македонското научно здружение за аутизам е прво вакво здружение кое редовно комуницира со семејствата и добро ги познава проблемите со кои се соочуваат при што на разни начини се бараат решенија за нивно надминување. Врз основа на контактите, спроведените научни истражувања и состојбите на теренот, веќе подолго време произлегува потребата за подобар начин на информирање, почести средби на тематски вебинари поврзани со аутизмот, креирање на материјали за поддршка, како и психосоцијална поддршка на семејствата на децата со аутизам и пошироката заедница. МНЗА работи 21 година на подигнување на свесноста за АСН и подобрување на квалитетот на живот на семејствата кои имаат деца и лица со АСН.
Целта на овој проект беше да се направат онлајн советодавни прегледи на децата со АСН, да се направат обуки и едукација на родителите за проблемите и потребите со кои се среќаваат децата со аутистичен спектар на нарушувања и да се креираат материјали кои ќе можат слободно да се симнуваат од веб страницата на МНЗА.
Програмата за обука беше дизајнирана да им обезбеди на учесниците сеопфатно запознавање и информации за понатамошно развивање на нивните вештини, методите и етиката поврзани со процесот на едукација на децата со АСН.
Целокупната програма за обука беше реализирана преку шест модули:
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
Обуки преку вебинари
Програмските модули за обука беа реализирани во периодот од март 2021 до април 2021 година. Во текот на периодот на спроведување на обуката беа испорачани 4 вебинари (по 2 во секој циклус со време траење од 4 часа, три модули во првиот и три модули во вториот ден). Бројот на учесници по циклус на обука беше од 10 до 30 родители.
Во месец март 2021 година беа реализирани два вебинари:
Во месец април 2021 година беа реализирани два вебинари:
Во реaлизацијата на 6-те програмските модули, односно 4-те вебинари, учествуваа вкупно 84 родители. За сите вебинари постојат фотографии кои може да се најдат на Фејсбук страницата на здружението https://www.facebook.com/MSSAutism.
Третмани на деца со АСН
Третманите на децата со АСН беа изведени во два приватни центри за стимулација и развој и тоа во „Гаспар“ од Скопје и „Старс“ од Велес во периодот март-април 2021 година.
Во „Гаспар“ центарот беа изведени 20 неурофидбек третмани, 5 логопедски третмани и 25 дефектолошки третмани на вкупно 5 деца.
Во „Старс“ центарот беа изведени 60 дефектолошки третмани и тоа на 5 деца по 12 часови.
Дијагностичко консултативни и советодавни прегледи
Во периодот од јануари до април 2021 година проф. д-р Владимир Трајковски направи дијагностичко консултативни и советодавни прегледи на 25 деца со АСН преку онлајн програмот Скајп. Прегледите беа во времетраење од 30 до 60 минути зависно од дете до дете. За сите постои документација со фотографија од прегледот. Беше констатирана или потврдена дијагнозата АСН. Беше посочен биомедицински третман и други битни совети за подобра рехабилитација. Во текот на сите прегледи беше пружена и психосоцијална поддршка на семејствата како и охрабрување со насоки за понатамошен третман.
Изработка на отворени образовни ресурси (ООР) и материјали за поддршка на деца и лица со аутизам
Во периодот од јануари до април 2021 година м-р Ивана Василевска Петровска и Весна Филиповска изработија отворени образовни ресурси (ООР) и материјали за поддршка на деца и лица со аутизам кои се прикачени на веб страницата на МНЗА и може слободно да се симнуваат, да се гледаат и да се користат.
М-р Ивана Василевска Петровска ги заврши следните задачи:
Весна Филиповска ги заврши следните задачи:
ЗАКЛУЧОЦИ
Од изведените 4 обуки, како и од анализата на коментарите на родителите може да се изведат следните заклучоци:
ПРЕДЛОЗИ
Врз основа на изнесените заклучоци, МНЗА ги дава следните предлози:
Претседател на МНЗА
Почитувани колешки и колеги,
Со особено задоволство сакаме да ве известиме дека МНЗА започна со реализација на проектот: „Зајакнување на капацитетите кај професионалците за проблемите и потребите на децата со аутистичен спектар на нарушувања, во предучилишните и училишните установи“ со финансиска поддршка од општината Карпош, Скопје. Првата обука се реализираше со вработените од градинката „Пролет“ на 22 и 23 декември 2020 година преку платформата ЗУМ. Во обуката учествуваа околу 70-тина учесници од оваа предучилишна установа од територијата на општината Карпош.
Цели на проектот:
Целна група, целно подрачје и локација:
Предавачи на обуката беа:
Сите учесници на обуката ќе добијат електронски сертификат за учество на 8 часовна обука од страна на МНЗА. Доколку сте заинтересирани да погледнете слики од настанот повелете кликнете ОВДЕ.
Им благодариме на учесниците од градинката „Пролет“ за интересот што го покажаа. Исто така благодариме на целата администрација на општината Карпош, како и на советниците кои го препознаа овој проект и решија да го финансираат.
Претседател на МНЗА
Почитувани колешки и колеги, драги родители на деца со АСН,
Сакам да ве информирам дека МНЗА започна со ново истражување под наслов: „Истражување за добри практики на индивидуално насочено планирање користени од страна на помошниците на лицата со аутизам“ во рамките на Еразмус плус проектот скратено наречен Аутизам ПЦП, во кој ние членовите на МНЗА учествуваме заедно со партнери од Грција, Бугарија, Италија, Романија и Кипар.
Оваа анкета има за цел да собере важни податоци за алатките или методологијата што ги користите како помошници на лицата со аутистичен спектар на нарушување. Ние сметаме на Вашето практично искуство и знаење што сте го стекнале во текот на годините, со цел да ги модифицираме алатките што ги развиваме за подобро да ги покриеме потребите на индивидуалците со аутистичен спектар.
Оваа анкета нема да Ви одземе премногу време бидејќи ние знаеме дека Вашето време е бесценето, како што и за нас се од непроценливо значење Вашите повратни одговори за развојот на овој проект.
Ве замолувам да одвоите 6 минути од вашето приватно или службено време и да ја пополните анкетата. Особенео ова важи за родителите за кои што алатките кои ги развиваме можат многу да им помогнат во развојот на нивните деца при одредени транзиции во текот на животниот век. Анкетата е во Гугл Формулар и не заборавајте на крај да го стиснете копчето Submit.
Однпред ви благодариме на вашата соработливост.
Со почит,
Претседател на МНЗА