Почитувани колешки и колеги,
Со особено задоволство сакаме да ве известиме дека МНЗА започна со реализација на проектот: „Зајакнување на капацитетите кај професионалците за проблемите и потребите на децата со аутистичен спектар на нарушувања, во предучилишните и училишните установи“ со финансиска поддршка од општината Карпош, Скопје. Првата обука се реализираше со вработените од градинката „Пролет“ на 22 и 23 декември 2020 година преку платформата ЗУМ. Во обуката учествуваа околу 70-тина учесници од оваа предучилишна установа од територијата на општината Карпош.
Цели на проектот:
- Вработените во погореспоменатите предучилишни и училишните установи во Општина Карпош – Скопје ќе се запознаат со сите аспекти на аутизмот како проблем во општеството, на семејството и на институциите (детекција, дијагностика, едукација, современи методи на пристап при третманот на аутизмот, адаптација на просторот и материјалите за работа, како и социјалната заштита на лицата со АСН).
- Планирање на развој на услуги кои им се потребни на децата со аутизам и нивните семејства со кои би им се подобрило функционирањето во општествената заедница и соработка заради задоволување на индивидуалните потреби на детето со аутизам и семејството.
- Донесување заклучоци за идните насоки на делување, преку комуникација и размена на искуства меѓу родителите и дружење на родителите и децата со одржување на заеднички средби.
Целна група, целно подрачје и локација:
- Целната група се вработените во погореспоменатита пет предучилишни и пет училишни установи, децата и родителите.
- Целно подрачје и локација е општина Карпош.
- Со проектот се очекува да се зголеми јавната свест, знаењата и информираноста за инклузија на деца со аутизам, поддршка на нивните семејства и нивните права, а преку обезбедување на дидактички материјали да се зголеми квалитетот на третманот на децата со аутизам.
Предавачи на обуката беа:
- Проф. д-р Владимир Трајковски – Вовед во аутистичен спектар на нарушувања (АСН)
- Стојан Андонов, дипломиран окупационен терапевт – Окупациона терапија кај деца со АСН
- Александра Карагирова, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор – Специјална едукација кај деца со АСН
- Вонр. проф. д-р Владимир Илиевски – Социјална поддршка кај децата со АСН
Сите учесници на обуката ќе добијат електронски сертификат за учество на 8 часовна обука од страна на МНЗА. Доколку сте заинтересирани да погледнете слики од настанот повелете кликнете ОВДЕ.
Им благодариме на учесниците од градинката „Пролет“ за интересот што го покажаа. Исто така благодариме на целата администрација на општината Карпош, како и на советниците кои го препознаа овој проект и решија да го финансираат.
Претседател на МНЗА