Вебинари: Искуства на нашите професионалци во странство

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани посетители на блогот на МНЗА,

Ве известуваме дека од четврток 14.04. 2022 година, во 18:00 часот започнуваме со нова серија на вебинари наречена: „Искуства на нашите професионалци од странство“. Целта ни е од „прва рака“ да дознаеме што се случува со лицата со аутизам и останати видови на попреченост во високо развиените земји. Втора цел ни е да направиме промоција на младите кадри кои заминале од Македонија и успешно се снаоѓаат во нашата дејност.

Како прва гостинка ја најавуваме колешката Флорина Магденовска од Канада која ќе говори на тема: „Поддршка на канадското општество за лицата со попреченост“.

Потоа, втора гостинка на 05.05.2022 година ќе ни биде м-р Марија Максимовска Атанасовска од Нов Зеланд која ќе говори на тема: „Аутизмот и можностите на лицата со аутизам во Нов Зеланд“.

Ви благодариме за тоа што редовно ги следите нашите вебинари. За сите новини поврзани околу вебинарите, следете ги нашите социјални медиуми каде што ги објавуваме линковите за пријавување, линковите за следење и други интересни работи поврзани со истите. Ги повикуваме сите наши млади кадри од странство, кои имаат да споделат некакво искуство да ни пишат на е-поштата president@mssa.org.mk. Доколку процениме дека е вредно да ги вклучиме во програмата, истото ќе го сториме во скор временски период.

Со почит,

Претседател на МНЗА