Заедничка кампања на Аутизам Европа и МНЗА по повод #AutismDay2022

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани пријатели на МНЗА,

Оваа година повторно ќе се вклучиме во онлајн кампањата заедно со Аутизам Европа која се спроведува ширум Европа, а е наречена: „Среќно патување низ животот“ за да се нагласи дека е потребен холистички пристап во текот на целиот животен век и за да се осигуриме дека лицата со аутизам можат да ги уживаат своите права и да живеат среќни и исполнети животи.

Кампањата „Среќно патување низ животот“ има за цел да ги истакне грижите и желбите на лицата со аутизам и нивните семејства во однос на различни клучни прашања како што се пристап до образование, вработување, соодветна поддршка за инклузија, самостоен живот, пристапност и политичко учество, меѓу другите.

Следната седмица на нашите социјални медиуми Фејсбук, Твитер, Линкедин, Инстаграм ќе бидат споделени многу банери и постери со интересна содржина за лицата со аутизам, авторитетите и сите останати лица кои ги засега оваа проблематика. Луѓето што сакаат да ја подржат кампањата можат слободно да ги споделуваат овие пораки користејќи го хаштагот #AutismDay2022.

Тимот на МНЗА