24. вебинар „Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги студенти,

МНЗА продолжува со спроведување на вебинарите „Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“ и веќе на репертоарот во вторник на 07.11.2023 година е д-р Јасир Ахмед Сајед кој ќе предава на тема: „Како хромозомскиот локус 1q21.1 го зголемува ризикот за нарушувања од спектарот на аутизмот“. Вебинарите не се наплатуваат. Потребно е задолжително пријавување на сите заинтересирани на следниот ФОРМУЛАР. За да добиете линк за Мајкрософт Тимс потребно е да оставите точно име и презиме и е-пошта. Сертификат што некому живот значи не се добива.

Ве очекуваме!

Претседател на МНЗА

МНЗА и во 2023 продолжува со вебинарите за аутизам

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Сакаме да ве известиме дека МНЗА неуморно и во 2023 година ќе продолжи со одржување на вебинарите со светските експерим за аутизмот. Ви го најавуваме 17-от вебинафр по ред, а четврти во соработка со АРИ за 26 јануари со проф. д-р Бет Малоу.

Д-р Малоу е професор по неврологија и педијатрија, шеф за когнитивен детски развој и директор на Одделот за спиење на Вандербилт и јадрото за спиење на Вандербилт. По завршувањето на комбинираната програма за додипломски и медицински факултет на Универзитетот Нортвестерн, таа служеше како резидент на неврологија во Програмата Харвард-Лонгвуд и како соработник по клиничка неврофизиологија во Националниот институт за здравје. Таа беше на факултет на Универзитетот во Мичиген пред да дојде во Вандербилт во 2003 година. Клиничките, образовните и истражувачките програми на д-р Малоу се фокусираат на влијанието на лекувањето на нарушувања на спиењето врз невролошките болести, со фокус на аутизмот и сродните нарушувања на невроразвојот. тој служи како главен истражувач на Vanderbilt’s Autism Speaks Autism Care Network, еден од повеќекратните регионални центри низ Северна Америка финансирани за развивање стандарди за медицинска нега за деца со аутизам и има спроведено федерално финансирани испитувања на мелатонин и едукација за спиење во однесувањето.

Вебинарот е закажан за во четврток 26 јануари во 19:00 часот. Претходно е потребно задолжително пријавување на Гугл Формс најдоцна до 24.01.2023. Покани и ЗУМ линк ќе им бидат испратени само на тие што пишуваат коректни имиња и презимиња (не само иницијали) и коректни е-пошти.

Се гледаме во четврток вечер.

Претседател на МНЗА

Индивидуално насочено планирање кај лица со АСН

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани,

Во вторник на 22 јуни на платформата ЗУМ почнуваме со обуките кои ви ги ветивме минатиот месец. Тоа ќе бидат 5 модули од кои за 3 ќе ви бидат обезбедени вебинари, а другите два ќе ги учите самостојно. Се пријавија 46 учесници, а списокот за пријавување е затворен. Иако предвидениот број требаше да биде 20-25, ние направивме отстапка и дозволивме да учествуваат 46 учесници кои за да добијат сертификат мора да бидат присутни на сите 3 вебинари. Во прилог агендата за првиот модул.

Претседател на МНЗА

 

Напомени за вебинарот со проф. д-р Фред Волкмар

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, студенти, драги родители на деца со АСН

Како што веќе беше претходно објавено, наредниов период започнуваме со серијата вебинари – светските експерти за аутизмот од престижни универзитети. Во понеделник на 19 април гостин ни е проф. д-р Фред Волкмар во 18:00 часот. Постоеше огромен интерес и заради тоа не сме во можност на сите да им обезбедиме ЗУМ линк. Во текот на утрешниот ден (недела) секретарката на здружението на сите што се одредени да го следат вебинарот преку ЗУМ ќе им испрати линк. Ве молиме да не го споделувате линкот со други лица, заради точно ограничениот број од 100 лица на платформата. Ве молиме да се приклучите на вебинарот најдоцна до 17:55 часот. Притоа вашите микрофони и камери да бидат исклучени за цело време на презентацијата. На крајот од предавањето ќе има дозволено прашања и дискусија и тогаш ќе можете да се вклучите со аудио и видео или да поставите прашање преку четот.

Сите останати кои сакаат да го следат вебинарот во живо, а нема да ја имаат таа можност да го следат преку ЗУМ, ќе може тоа да го сторат преку официјалниот Јутјуб канал на МНЗА и официјалната Фејсбук страница на МНЗА.

За вториот вебинар со проф. д-р Мануел Казанова што ќе се одржи на 26 април има уште многу малку места останато на ЗУМ. Пријавувањето е задолжително преку Гугл формуларот.

Ви благодариме на довербата.

Со почит,

МНЗА

Седми вебинар: Процена и планирање на интервенција кај аутизмот

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги родители

Имаме чест да ве поканиме на седмиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 18 јуни со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. Седмиот вебинар е со наслов: „Процена и планирање на интервенција кај аутизмот“, а ќе го реализира м-р Ивана Василевска Петровска, потпретседател на МНЗА. Модератор ќе биде м-р Фики Гаспар, член на ИО на МНЗА.

Вебинарот е наменет за специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти, родители и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Повелете регистрирајте се на следниот ЛИНК.

ИО на МНЗА