Основачи на МНЗА

Почитувани читатели,

На 22 мај 2000 година пет ентузијасти, луѓе пред се` хуманисти решија да го формираат Македонското научно здружение за аутизам. Овие пет професионалци се многу заслужни за она што денес претставува здружението во македонското општество.

Претседател на МНЗА

Трет вебинар: Сексуален развој и сексуална едукација кај деца со АСН

Почитувани колешки и колеги,

Имаме чест да ве поканиме на третиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 21 мај со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се во рамките на проектот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. “Третиот вебинар е со наслов: „Сексуален развој и сексуална едукација кај деца со АСН“, а ќе го реализира специјалниот едукатор и рехабилитатор м-р Тања Станкова, долгогодишен член на МНЗА. Модератор ќе биде Весна Филиповска. Вебинарот ќе се реализира на платформата Zoom, а ќе биде пренесуван во живо и на официјалниот Јутјуб канал на МНЗА.

Вебинарот е наменет за родители, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Драги посетители, повелете пријавете се на следниот ЛИНК.

ИО на МНЗА

Articles in scientific journals

Dear colleagues,

Members of MSSA have published over 60 articles in domestic and predominantly in international scientific journals. Less than 10 of them are in impact factor journals. With this we are giving small contribution to world scientific map. We will continued to work hard on promoting Macedonian autism special education and rehabilitation and medical aspects as well.

President of MSSA

Учества на членовите на МНЗА на меѓународни собири

Почитувани колешки и колеги,

Во своето 20 годишно постоење членовите на МНЗА имаат учествувано на стотина меѓународни конференции, конгреси, семинари и симпозиуми со што ја оправдуваат својата цел на научно здружение. Со тоа придонесуваат да се чуе гласот на македонската научна мисла во светски рамки. Тие учества биле не само во балаканските земји, туку и во Велика Британија, Белгија, Холандија, Луксембург, Русија, Австрија, Ирска, Полска, Унгарија,  Италија, Кипар, Шпанија и многу други држави.

Претседател на МНЗА

Цели на МНЗА

Почитувани колешки и колеги,

Во своето дејствување МНЗА си има зададено мноштво на цели и задачи. Дел од нив речиси секојдневно се реализираат од неуморните членови. Предлагам да ги разгледаме преку илустрацијата најзначајните од нив.

Претседател на МНЗА

МНЗА организатор и соорганизатор на трибини

Почитувани колешки и колеги,

Во својата 20 годишна историја МНЗА беше организатор и соорганизатор на 5 стручно научни трибини и тоа не само за аутистичниот спектар, туку и за Даун синдромот. Илустрацијата кажува доста за нашите активности.

Претседател на МНЗА

Претставување на презентерите на вебинарите – Весна Филиповска

Почитувани колешки и колеги,

Денес ви ја преставуваме следната презентерка на вториот вебинар што ќе се одржи на 14.05.2020 во 12:00 часот преку платформата Zoom, а тоа е техничката секретарка на МНЗА, Весна Филиповска.

Весна Филиповска е специјален едукатор и рехабилитатор, редовно вработен во основно училиште ООУ Владо Тасевски-Скопје, како стручен соработник.

Студиите ги завршува на Институтот за специјална едукација и рехабилитација, на Филозофски факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј-Скопје во 2012 година. Во период од 2012год. до 2013 година работи како општински специјален едукатор во Општина Карпош, а од 2014 година е вработена во редовно основно училиште. Од 2018 година назначена е за секретар во Македонското научно здружение за аутизам, а со тоа активно вклучена во работа со деца и младинци со аутистичен спектар на нарушувања (АСН).

Континуирано учествува на конференции, семинари и вебинари наменети за унапредување на методи и техники за работа со деца со АСН, а има следено и  обуки за Функционална АБА (едукација за основен пристап) и Комуникација преку систем на размена на слики-  (РЕСЅ).

    Во моментот активно партиципира како обучувач за професионалци и родители  во спроведување на АСП проектот– Програма за социјални вештини и позитивно родителство за деца и семејства со аутизам.

ИО на МНЗА

Втор вебинар: Визуелна поддршка, социјална интеракција, комуникација и предизвикувачко однесување кај деца со АСН

Почитувани колешки и колеги,

Имаме чест да ве поканиме на вториот вебинар што ќе се одржи во четврток на 14 мај со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што ќе ги одржат членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се во рамките на пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. “Вториот вебинар е со наслов: „Визуелна поддршка, социјална интеракција, комуникација и предизвикувачко однесување кај деца со АСН“, а ќе го реализира специјалниот едукатор и рехабилитатор Весна Филиповска, инаку секретар на МНЗА. Модератор ќе биде Александра Карагирова.

Вебинарот е наменет за родители, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Повелете регистрирајте се на следниот линк.

ИО на МНЗА