Напомени за вебинарот со д-р Мануел Казанова

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, студенти, драги родители на деца со АСН

Како што веќе беше знаете, минатиот понеделник реализиравме вебинар со проф. д-р Фред Волкмар и истиот помина одлично. Во понеделник на 26 април гостин ни е д-р Мануел Казанова во 18:00 часот. Постоеше огромен интерес и заради тоа не сме во можност на сите да им обезбедиме ЗУМ линк. Во текот на викендов секретарката на здружението на сите што се одредени да го следат вебинарот преку ЗУМ ќе им испрати линк. Ве молиме да НЕ го споделувате линкот со други лица, заради точно ограничениот број од 100 лица на платформата. Ве молиме да се приклучите на вебинарот најдоцна до 17:55 часот. Притоа вашите микрофони и камери да бидат исклучени за цело време на презентацијата. На крајот од предавањето ќе има дозволено прашања и дискусија и тогаш ќе можете да се вклучите со аудио и видео или да поставите прашање преку четот.

Сите останати кои сакаат да го следат вебинарот во живо, а нема да ја имаат таа можност да го следат преку ЗУМ, ќе може тоа да го сторат преку официјалниот Јутјуб канал на МНЗА и официјалната Фејсбук страница на МНЗА.

За третиот вебинар со Паула Бартоломеус што ќе се одржи на 10 мај има уште 4 места останато на ЗУМ. Пријавувањето е задолжително преку Гугл формуларот.

Ви благодариме на довербата.

Со почит,

МНЗА

Напомени за вебинарот со проф. д-р Фред Волкмар

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, студенти, драги родители на деца со АСН

Како што веќе беше претходно објавено, наредниов период започнуваме со серијата вебинари – светските експерти за аутизмот од престижни универзитети. Во понеделник на 19 април гостин ни е проф. д-р Фред Волкмар во 18:00 часот. Постоеше огромен интерес и заради тоа не сме во можност на сите да им обезбедиме ЗУМ линк. Во текот на утрешниот ден (недела) секретарката на здружението на сите што се одредени да го следат вебинарот преку ЗУМ ќе им испрати линк. Ве молиме да не го споделувате линкот со други лица, заради точно ограничениот број од 100 лица на платформата. Ве молиме да се приклучите на вебинарот најдоцна до 17:55 часот. Притоа вашите микрофони и камери да бидат исклучени за цело време на презентацијата. На крајот од предавањето ќе има дозволено прашања и дискусија и тогаш ќе можете да се вклучите со аудио и видео или да поставите прашање преку четот.

Сите останати кои сакаат да го следат вебинарот во живо, а нема да ја имаат таа можност да го следат преку ЗУМ, ќе може тоа да го сторат преку официјалниот Јутјуб канал на МНЗА и официјалната Фејсбук страница на МНЗА.

За вториот вебинар со проф. д-р Мануел Казанова што ќе се одржи на 26 април има уште многу малку места останато на ЗУМ. Пријавувањето е задолжително преку Гугл формуларот.

Ви благодариме на довербата.

Со почит,

МНЗА

МНЗА нуди обуки и работилници

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, родители на деца со АСН, драги студенти,

Членовите на Македонското научно здружение за аутизам во својата скоро 21 годишна практика имаат одржано многу предавања, семинари, обуки, работилници, вебинари и слично. Затоа на пошиорката стручна и научна јавност сакаме да им ги понудиме следните модули кои можете сами да си ги организирате и да ги нарачате во групи. Додека трае пандемијата со Ковид-19 тие би биле реализирани само како вебинари. Потоа можеме да организираме обуки и работилници и со физичко присуство. Темите кои ги нудиме се следните:

  1. Вовед во аутистичен спектар на нарушувања;
  2. Специјална едукација и рехабилитација кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  3. Окупациона терапија кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  4. Социјална поддршка кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  5. Психолошка поддршка кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  6. Методи и интервенции базирани на докази во специјалната едукација на аутистичен спектар на нарушувања;
  7. Визуелна поддршка и структурирано подучување во училницата;
  8. Социјално – наративниот метод во поддршката на децата со аутистичен спектар на нарушувања: социјални приказни, социјални скрипти, видео моделирање;
  9. Развој на социјални вештини кај децата со аутистичен спектар на нарушувања – креирање и имплементација на едукативна интервенција;
  10. Управување со предизвикувачкото однесување;
  11. Управување со сензорните нарушувања: процена на причините и стратегии за поддршка;
  12. Сексуален развој, сексуална едукација кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  13. Проблеми во исхраната кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  14. Проблеми во спиењето кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  15. Нутриција и ментално здравје кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  16. Генетско тестирање и генетско советување кај аутистичен спектар на нарушувања;
  17. Медицински и здравствени аспекти кај лица со аутистичен спектар на нарушувања;
  18. Биомедицински третман кај аутистичен спектар на нарушувања;
  19. Натуралистички, развојни и бихејвиористички пристапи во едукативните интервенции за децата со аутизам;
  20. Ефективен бихејвиорален план за поддршка за ученикот со аутизам, базиран на анализа на причините и функцијата на проблематичното однесување;
  21. Превенција на аутистичен спектар на нарушувања.

Оваа листа на модули не е конечна и може во иднина да биде проширена со други теми и содржини. Модулите се наменети за специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, педагози, социјални работници, доктори по медицина, студенти, родители на деца со АСН и нивните семејства и сите други кои ќе покажат интерес од оваа тематика.

Предавачи на модулите се: проф. д-р Владимир Трајковски, Весна Филиовска, м-р Андреа Ивановска, м-р Тања Станкова, м-р Фики Гаспар, Стојан Андонов и проф. д-р Владимир Илиевски.

Ги очекуваме вашите пријави.

Со почит,

Претседател на МНЗА

Вебинари за аутизам во април

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги родители на децата со АСН,

Како што сите знаете април е месецот за подигнување на свесноста за аутистичниот спектар на нарушување. По тој повод ние во Македонското научно здружение одлучивме да одржиме серија вебинари некои наменети за родителите, други пак за професионалците и семејствата на децата со АСН.

На 2 април во 18:00 часот ќе се одржи третиот вебинар: „Родителите не ги оставаме сами“.

На 7 април во 18:00 часот ќе се одржи четвртиот вебинар: „Родителите не ги оставаме сами“.

Овие два вебинари се финансиски поддржани од Комерцијална банка Скопје и се наменети само за родители на деца со АСН. Пријавувањето се врши на следната е-пошта: secretary@mssa.org.mk.

На 8 април во 18:00 часот ќе се одржи вебинарот: „Решение за сложувалката наречена аутизам“. Овој вебинар е во организација на ГАСПАР центарот, а на него предавачи ќе бидат двајца членови на МНЗА.

Потоа, МНЗА продолжува со серија на вебинари на кои гости ќе бидат светски познати и признати аутизмолози. Тоа е единствена можност во Македонија за прв пат да ги чуете врвните имиња од оваа област.

На 19 април во 18:00 часот ќе се одржи вебинарот: „Гледајќи ја шумата и дрвјата: дијагностички тешкотии во времето на DSM-5“. Предавач на овој вебинар ќе биде проф. д-р Фред Волкмар од САД, кој е главен и одговорен уредник на престижното списание Journal of Autism and Developmental Disorders.

На 26 април гостин во 18:00 часот ќе ни биде познатиот проф. д-р Мануел Казанова повторно од САД. Насловот на неговата тема е мошне инспиративен и гласи: „Транскранијална магнетна стимулација кај аутизмот“. Тој е добитник на претседателската награда на Американкото здружение за медицина.

Доколку сакате да дознаете повеќе за настаните кликнете на погорните линкови. Во мај и јуни повторно продолжуваме со вебинарите „Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“, каде што ве очекуваат многу изненадувања.

Нека е на здравје!

Претседател на МНЗА

МНЗА започна со реализација на новиот проект во соработка со Општина Карпош

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Со особено задоволство сакаме да ве известиме дека МНЗА започна со реализација на проектот: „Зајакнување на капацитетите кај професионалците за проблемите и потребите на децата со аутистичен спектар на нарушувања, во предучилишните и училишните установи“ со финансиска поддршка од општината Карпош, Скопје. Првата обука се реализираше со вработените од градинката „Пролет“ на 22 и 23 декември 2020 година преку платформата ЗУМ. Во обуката учествуваа околу 70-тина учесници од оваа предучилишна установа од територијата на општината Карпош.

Цели на проектот:

  • Вработените во погореспоменатите предучилишни и училишните установи во Општина Карпош – Скопје ќе се запознаат со сите аспекти на аутизмот како проблем во општеството, на семејството и на институциите (детекција, дијагностика, едукација, современи методи на пристап при третманот на аутизмот, адаптација на просторот и материјалите за работа, како и социјалната заштита на лицата со АСН).
  • Планирање на развој на услуги кои им се потребни на децата со аутизам и нивните семејства со кои би им се подобрило функционирањето во општествената заедница и соработка заради задоволување на индивидуалните потреби на детето со аутизам и семејството.
  • Донесување заклучоци за идните насоки на делување, преку комуникација и размена на искуства меѓу родителите и дружење на родителите и децата со одржување на заеднички средби.

 Целна група, целно подрачје и локација:

  • Целната група се вработените во погореспоменатита пет предучилишни и пет училишни установи, децата  и родителите.
  • Целно подрачје и локација е општина Карпош.
  • Со проектот се очекува да се зголеми јавната свест, знаењата и информираноста за инклузија на деца со аутизам,  поддршка на нивните семејства и нивните права, а преку обезбедување на дидактички материјали да се зголеми квалитетот на третманот на децата со аутизам.

Предавачи на обуката беа:

  • Проф. д-р Владимир Трајковски – Вовед во аутистичен спектар на нарушувања (АСН)
  • Стојан Андонов, дипломиран окупационен терапевт – Окупациона терапија кај деца со АСН
  • Александра Карагирова, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор – Специјална едукација кај деца со АСН
  • Вонр. проф. д-р Владимир Илиевски – Социјална поддршка кај децата со АСН

Сите учесници на обуката ќе добијат електронски сертификат за учество на 8 часовна обука од страна на МНЗА. Доколку сте заинтересирани да погледнете слики од настанот повелете кликнете ОВДЕ.

Им благодариме на учесниците од градинката „Пролет“ за интересот што го покажаа. Исто така благодариме на целата администрација на општината Карпош, како и на советниците кои го препознаа овој проект и решија да го финансираат.

Претседател на МНЗА

Прашалник за достапност на јавни простори за лица со аутизам

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани родители на АСН, колешки и колеги,

Во рамките на AFS проектот кој го спроведуваме во рамките на Еразмус плус програмата, заедно со колеги од Малта, Шпанија, Аутизам Европа го креиравме следниот Прашалник за достапност на јавни простори за лица со аутизам кој е креиран на платформата SurveyMonkey. Ве молиме одвоите 3 минути од вашето драгоцено време во пополнување на истиот, а резултатите ќе ни бидат од голема корист во развивање на алатки, кои пак ќе бидат од огромна корист за лицата со аутистичен спектар на нарушувања во Македонија.
Ви благодариме на соработката!
Претседател на МНЗА

Прирачник за родители на деца со состојби од аутистичен спектар и професионалци од нивниот круг на поддршка

Linkedin   
Whatsapp   

ПРЕДГОВОР

Состојбите од аутистичен спектар не престануваат да ја интригираат светската и домашна јавност пред сè поради зачестеноста во нивното појавување, поради нејасните механизми за појава на состојбата и, секако, уште повеќе поради непостоењето унифициран третман. Тешкотиите во сферата на социјалниот развој и остварувањето интеракција и комуникација со средината се сметаат за клучна вулнерабилност кај аутизмот. Тешкотиите во социјалното функционирање се најсилниот фактор што ја предвидува дијагнозата, но и прогнозата кај овие состојби. Во последната декада, истражувањата потврдуваат дека овие рани отстапувања во социјалниот развој придонесуваат за развој на широк спектар предизвици во учењето, што понатаму имаа негативно влијание врз целокупниот развој на детето и врз неговото приспособување во средината.

Нашето практично и теоретско искуство го негира сфаќањето дека децата со аутизам не се социјални или дека немаат желба за социјална интеракција и комуникација. Напротив, децата со состојби од аутистичниот спектар често не располагаат со вештини за секојдневно социјално однесување, па овие тешкотии треба да се препознаат и да се опфатат во една сеопфатна индивидуална програма. Со оглед на важноста на социјалните интервенции за децата со аутизам, императив за професионалците и родителите е да имаат пристап до ресурси посветени на социјалното однесување.

Прирачникот што е пред вас нуди различни пристапи, практики и сугестии базирани на докази за родителски вештини за деца и млади со аутизам. Важно е да се нагласи дека поради хетерогената природа на состојбите од аутистичен спектар, но и воопшто во однос на различните родителски стилови, не постои еден унифициран пристап. Имено, пристапи што се ефикасни кај едно дете, може да се несоодветни и/или неефикасни кај друго. Затоа овој прирачник треба да се третира како водич, имајќи ја предвид варијабилноста на успешноста на одреден пристап во зависност од детето. Сепак, принципите опишани од авторите можат да имаат широка примена и да им бидат од корист на голем број семејства на деца со состојби од аутистичниот спектар. Истовремено, овој прирачник е вредна алатка што ќе им користи на различни профили професионалци вклучени во поддршката на децата во нивната секојдневна работа. Освен семејствата, при конципирање на овој прирачник ги имавме на ум наставниците, специјалните едукатори и рехабилитатори, логопедите, психолозите, педагозите, медицинарите, негувателите во градинките, социјалните работници, личните и образовните асистенти, како и идните професионалци, како што се студентите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација и многу други стручни профили кои ќе покажат интерес за оваа тема.

Прирачникот „Поддршка на социјалниот развој и позитивното родителство“ претставува прво вакво четиво објавено во земјава, и тоа на три јазици: македонски, англиски и албански. Во него се обработени 7 поглавја, со кои целосно се опфатени курикулумот за едукација на професионалци и родители и обуките реализирани во неколку јавни установи од социјалната заштита и преку серија виртуелни работилници и вебинари во периодот од јануари до јуни 2020 година. Воведниот дел, во кој се дадени основните карактеристики на ова первазивна состојба, е подготвен врз основа на материјалот изработен од проф. д-р Владимир Трајковски, користен за потребите на обуките. Второто поглавје ги опишува развојните аспекти на социјалните вештини и социјалната комуникација и најчестите предизвици со кои се соочуваат децата со аутизам. Во третото поглавје се дадени насоки за процена на социокомуникациските вештини и рамка за планирање на интервенцијата. Четвртото поглавје ги објаснува практиките базирани на докази и видовите пристапи во подучувањето на оваа ранлива категорија деца. Овие три поглавја се подготвени врз основа на материјалот користен за потребите на обуките, а изработен од м-р Ивана Василевска Петровска. Во петтото поглавје, големо внимание е посветено на начините и алатките за поддршка на детето, и тоа: организациска поддршка, социјалната поддршка, поддршката на комуникацијата и бихејвиоралната поддршка. Петтото поглавје е подготвено врз основа на материјали изработени од м-р Ивана Василевска Петровска и проф. д-р Владимир Трајковски, кои беа користени за потребите на обуките.

Во поново време се зголемува и нашето разбирање за огромното влијание на сензорната чувствителност кај состојбите од спектарот, па на оваа тема е пристапено од практичен аспект во шестото поглавје, кое е подготвено од проф. д-р Владимир Трајковски. Последниот дел, но не и најмалку важен, е сексуалниот развој и сексуалната едукација, неизоставно врзани со социјалното однесување на децата. Седмото поглавје е подготвено врз основа на материјалите искористени за потребите на обуките, а изработени од м-р Тања Станкова.

Прирачникот изобилува со голем број илустрации и примери од практиката што ќе бидат од голема помош за професионалците и родителите.

Ја изразуваме нашата благодарност до рецензентите м-р Радмила Стојковска Алексова и Ирена Лозана, за укажаните забелешки и вредни предлози за приближување на ракописот до неговите ценети читатели. Голема благодарност заслужуваат вработените во канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Владата на Обединетото Кралство за финансиската поткрепа на овој прирачник.

 Скопје, јули 2020 година

Авторите

Прирачникот  на три јазици со слободен пристам можете да го симнете на следниот ЛИНК.

Осми вебинар: Пристапи, стратегии и поддршка во социјалната интервенција за деца со состојби од аутистичниот спектар

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги родители

Со особена чест сакаме да ве поканиме на осмиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 25 јуни со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе подолго време ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. Осмиот вебинар е со наслов: „Пристапи, стратегии и поддршка во социјалната интервенција за деца со состојби од аутистичниот спектар“, а ќе го реализира м-р Ивана Василевска Петровска, потпретседател на МНЗА. Модератор ќе биде Александра Карагирова, член на МНЗА.

Вебинарот е наменет за специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти, родители и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Доколку сакате да учествувате повелете регистрирајте се на следниот ЛИНК. Втората опција е да го следите преку официјалнит Јутјуб канал на Macedonian Scientific Society for Autism.

ИО на МНЗА

Седми вебинар: Процена и планирање на интервенција кај аутизмот

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги родители

Имаме чест да ве поканиме на седмиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 18 јуни со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. Седмиот вебинар е со наслов: „Процена и планирање на интервенција кај аутизмот“, а ќе го реализира м-р Ивана Василевска Петровска, потпретседател на МНЗА. Модератор ќе биде м-р Фики Гаспар, член на ИО на МНЗА.

Вебинарот е наменет за специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти, родители и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Повелете регистрирајте се на следниот ЛИНК.

ИО на МНЗА

 

Сензорни разлики кај децата со аутизам

Linkedin   
Whatsapp   

Сензорното искуство на светот кај децата со аутизам може да има големо влијание врз нивниот живот. „Родителите, згрижувачите и наставниците треба да бидат свесни дека проблемите со сензорната обработка можат да бидат еден од најголемите предизвици што луѓето ги доживуваат со спектарот”. – (Насон, Б., 2014).

Лицето со аутизам може да доживее тешкотии во толкување и организирање влез од она што го гледа, вкусува, допира, слуша и мириса. Сензорните сфаќања можат да станат застрашувачки или дури и болни и можат да доведат до голема вознемиреност.

„Гледајте се себеси смирено и опуштено. Одеднаш, стерео експлодира во ушите и некој ве удира по раката… За некој со проблеми со сензорна обработка, таквата аудитивна хиперсензитивност може да се појави во бучна училница или ходник. Ваквата преосетливост на допир може да се појави со рутинско џогирање во училишниот ходник или случајно допирање од врсници. Со други зборови, секојдневниот живот станува преголем”. – (Ченг, М., 2005).

Поради сензорни чувствителности, некој со аутизам може да:

  • прикаже невообичаено однесување со сензорно барање, како што се: шмркање предмети или намерно зјапање во движечки предмети.
  • прикаже невообичаени однесувања на сензорско избегнување, вклучително и избегнување на секојдневните звуци и текстури, како фен за коса, ознаки за облека, правосмукалки и песок.
  • прикаже само-стимулативни однесувања на пр. тапкање се кај слепоочницата, мафтање со рацете, скокање со прстите.
  • биде толку интензивно ангажиран со омилена сензација или активност што не може да открие опасност.

Седумте сетила

Покрај вообичаено признатите „5 сетила” (вкус, допир, слух, вид и мирис), лицето со аутизам може да реагира на две дополнителни сетила: вестибуларните и проприоцептивните сетила. Овие сетила влијаат врз рамнотежата, моторните вештини и свеста на телото.

Хипер или хипо?

Многу луѓе со аутизам имаат тешкотии во обработката на секојдневните сензорни информации. Тие можат да бидат хипер чувствителни (премногу реактивни) или хипо-чувствителни (недоволно реактивни) на сензорниот влез или да доживеат фрагментирани или искривени сфаќања.

Одговорите на едно лице на сензорни искуства може да варираат од еден до друг ден. Неколку денови тој или таа може да бараат одредени сетилни искуства, но во други денови тој или таа може активно да го избегне истото искуство.

„Светли светла, пладневно сонце, рефлектирани светла, сијалички, флуоресцентни светла; секоја се чинеше дека ми ги гледаше очите. Заедно, острите звуци и светлите светла беа повеќе од доволно за да ги преоптоварам сетилата “. – Лијан Холидеј Вили.

Интервенции за помош при сензорни тешкотии при обработка

Измената на околината е најпристапна интервенција за тешкотии во сензорното процесирање. Ова вклучува проценка на карактеристиките на сензорна обработка на детето со разгледување на нивните реакции на секојдневните искуства и модифицирање на аспектите на овие искуства за да се спротивстават на нивните хипер или хипо сензибилитети. На пример, дете кое е презаситено од врева и гужва во средниот училишен ходник меѓу часовите, може да се охрабри да носи худи-топка и да слуша музика на MP3 плеер за време на транзицијата меѓу часовите за да ја усмери неговата визуелна и аудитивна стимулација. Повеќе идеи за модификација на животната средина за деца со тешкотии во процесирањето на сензорот во училиште и дома, се достапни на нарушувањето на сензорната обработка.

Што е „стимулирање” ?

Сите луѓе се вклучуваат во однесувања за да помогнат во регулирањето на нивната сензорна околина. Кога се одразуваат овие однесувања, тие стануваат познати како „стимулирање”. Количината и видот на стимулирање на индивидуа со аутизам многу варира од личност до личност. На пример, некои лица со аутизам може да имаат благо стимулирање, додека други поминуваат многу време на стимулирање. Повеќето форми на стимулирање се повторливи или невообичаени движења на телото или звуци. Стимулирањето може да вклучува:

  • маниризми на рацете и прстите, како чукање со прстите и мафтање со рацете
  • мрдање на телото напред и назад додека седи или стои
  • држење на телото – држење на рацете или прстите под агол или навалување на грбот додека седи
  • визуелна стимулација – гледање на нешто странично, гледање на вртење на предмети или треперење на прстите или предмети близу очите
  • повторливо однесување како отворање и затворање на врати или прекинувачи што трепкаат
  • објекти за џвакање
  • слушање на истата песна или бучава одново и одново.

„Кога скокам, се чини дека чувствата ми одат нагоре кон небото. Навистина, мојата желба да бидам проголтан од небото е доволна за да се развесели моето срце. Кога скокам, можам да ги почувствувам деловите на моето тело навистина добро, исто така и моите врзани нозе и рацете што ми плескаат – и тоа ме прави да се чувствувам така, толку добро “. – Наоки Хигашида.

Ако некое лице со аутизам е хиперсензитивно, стимулирањето може да се смири. Може да им помогне да се фокусираат, а со тоа да го намалат сензорното преоптоварување. Во случај на луѓе кои доживуваат хипо – чувствителност, стимулирањето може да ја зголеми стимулацијата и да им помогне подобро да се фокусираат на нивната околина или на активноста што им е на располагање.

„Моето сослушување е како да имате засилувач на звук поставено на максимална гласност. Ушите ми се како микрофон што крева и засилува звук. Имам два избора: 1) да ги вклучам ушите и да се збогатам со звук или 2) да ги затворам ушите […] Не можам да ја модулирам стимулацијата што доаѓа. Открив дека можам да исклучам болни звуци со вклучување во ритмичко стереотипно аутистично однесување “. – Темпл Грандин.

Дополнителни информации за стимулирање може да се најдат преку веб-статијата за Подигање на детска мрежа, „Нарушување и спектар на аутизам“. Како што е забележано во овој веб-напис, стимулирањето не е нужно лошо, сè додека тоа не му штети на вашето дете. Некои само-повредливи стимулирачи – на пример, силно гризење со рака – може да произлезат од голема вознемиреност. Ако сте загрижени за стимулативно однесување на вашето дете, се препорачува да разговарате со лекарот на вашето дете. Општ лекар може да ве упати кај педијатар или професионален терапевт (ОТ) за сензорна проценка.