Изложба „Пролет, лето, есен, зима…и повторно пролет”

Почитувани пријатели,

МНЗА со големо задоволство Ве известува дека денес, 04.04.2019 година во просториите на Националната галерија на Македонија, лоцирана во Чифте Амам се реализираше третата фаза од проектот „Уметност за сите”, односно отворена беше изложбата под наслов „Пролет, лето, есен, зима… и повторно пролет“. Имено, изложени беа 60 дела на платно изработени од страна на деца и младинци со аутизам, вклучени од повеќе градови во државата.  Изложбата беше водена од координаторот на проектот м-р Маја Димитрова, а ја отвори покровителот на проектот „Уметност за сите“ – амбасадорот на Кралство Холандија во Република Македонија г-дин Вутер Пломп. Изложбата беше збогатено со музичка точка на извонредниот млад виолинист Филип Волкан. Сите учесници од овој проект, меѓу кои и членовите на МНЗА добија благодарница за учество, вложување и активна работа со децата за време на работилниците.

Среќни сме што бевме дел од овој проект, што успеавме преку уметност да го погледнеме светот од еден поинаков агол-преку очите на овие деца.

Гледај на аутизмот со своето срце,  твоите очи можеби ќе испуштат нешто…

Секретар на МНЗА