Вебинари: Искуства на нашите професионалци во странство

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани посетители на блогот на МНЗА,

Ве известуваме дека од четврток 14.04. 2022 година, во 18:00 часот започнуваме со нова серија на вебинари наречена: „Искуства на нашите професионалци од странство“. Целта ни е од „прва рака“ да дознаеме што се случува со лицата со аутизам и останати видови на попреченост во високо развиените земји. Втора цел ни е да направиме промоција на младите кадри кои заминале од Македонија и успешно се снаоѓаат во нашата дејност.

Како прва гостинка ја најавуваме колешката Флорина Магденовска од Канада која ќе говори на тема: „Поддршка на канадското општество за лицата со попреченост“.

Потоа, втора гостинка на 05.05.2022 година ќе ни биде м-р Марија Максимовска Атанасовска од Нов Зеланд која ќе говори на тема: „Аутизмот и можностите на лицата со аутизам во Нов Зеланд“.

Ви благодариме за тоа што редовно ги следите нашите вебинари. За сите новини поврзани околу вебинарите, следете ги нашите социјални медиуми каде што ги објавуваме линковите за пријавување, линковите за следење и други интересни работи поврзани со истите. Ги повикуваме сите наши млади кадри од странство, кои имаат да споделат некакво искуство да ни пишат на е-поштата president@mssa.org.mk. Доколку процениме дека е вредно да ги вклучиме во програмата, истото ќе го сториме во скор временски период.

Со почит,

Претседател на МНЗА

Вебинари за аутизам во април

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги родители на децата со АСН,

Како што сите знаете април е месецот за подигнување на свесноста за аутистичниот спектар на нарушување. По тој повод ние во Македонското научно здружение одлучивме да одржиме серија вебинари некои наменети за родителите, други пак за професионалците и семејствата на децата со АСН.

На 2 април во 18:00 часот ќе се одржи третиот вебинар: „Родителите не ги оставаме сами“.

На 7 април во 18:00 часот ќе се одржи четвртиот вебинар: „Родителите не ги оставаме сами“.

Овие два вебинари се финансиски поддржани од Комерцијална банка Скопје и се наменети само за родители на деца со АСН. Пријавувањето се врши на следната е-пошта: secretary@mssa.org.mk.

На 8 април во 18:00 часот ќе се одржи вебинарот: „Решение за сложувалката наречена аутизам“. Овој вебинар е во организација на ГАСПАР центарот, а на него предавачи ќе бидат двајца членови на МНЗА.

Потоа, МНЗА продолжува со серија на вебинари на кои гости ќе бидат светски познати и признати аутизмолози. Тоа е единствена можност во Македонија за прв пат да ги чуете врвните имиња од оваа област.

На 19 април во 18:00 часот ќе се одржи вебинарот: „Гледајќи ја шумата и дрвјата: дијагностички тешкотии во времето на DSM-5“. Предавач на овој вебинар ќе биде проф. д-р Фред Волкмар од САД, кој е главен и одговорен уредник на престижното списание Journal of Autism and Developmental Disorders.

На 26 април гостин во 18:00 часот ќе ни биде познатиот проф. д-р Мануел Казанова повторно од САД. Насловот на неговата тема е мошне инспиративен и гласи: „Транскранијална магнетна стимулација кај аутизмот“. Тој е добитник на претседателската награда на Американкото здружение за медицина.

Доколку сакате да дознаете повеќе за настаните кликнете на погорните линкови. Во мај и јуни повторно продолжуваме со вебинарите „Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“, каде што ве очекуваат многу изненадувања.

Нека е на здравје!

Претседател на МНЗА

Распоред на вебинарите за месец јуни

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани родители, драги колешки и колеги,

Досега ние членовите од МНЗА завршивме 4 вебинари во месец мај. Остануваат уште 5 вебинари да се реализираат во месец јуни. Вебинарите се реализираат секој четврток во 12:00 часот на платформата Zoom, а се пренесуваат или во живо или одложено на официјалната Фејсбук страница на МНЗА и официјалниот Јутјуб канал на МНЗА. Вебинарите се во рамките на АСП програмата, а се финансиски поддржана од канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија и амбасадата на Велика Британија во Скопје.

Во продолжение преглед на презентерите, модераторите и насловите на темите за месец јуни. Придружете ни се!

5. Родителски групи за поддршка Презентер

Фики Гаспар

 4 јуни 12:00 часот

Модератор

Владимир Трајковски

6.       Развојни аспекти на социјалните вештини и предизвици кај аутизмот Ивана Василевска Петровска 11 јуни 12:00 часот Весна Филиповска
7.       Процена и планирање на интервенција Ивана Василевска Петровска 18 јуни 12:00 часот Фики Гаспар
8.       Пристапи, стратегии и поддршка во интервенцијата Ивана Василевска Петровска 25 јуни 12:00 часот Александра Карагирова
9.       Активности за социјален и комуникациски развој Весна Филиповска

 30 јуни 12:00 часот

Ивана Василевска Петровска

ИО на МНЗА

Претставување на презентерите на вебинарите – Владимир Трајковски

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Во оваа рубрика сакаме да ви ги претставиме презентерите на вебинарите што ќе се одржуваат во месец мај и јуни со нивните куси биографии. Вебинароте ќе се одржуваат на платформата на програмот Зоом, а ќе бидат стримувани на Фејсбук страницата на МНЗА. На првиот вебинар што ќе се одржи во четврток со почеток во 12:00 часот ќе презентира проф. д-р Владимир Трајковски. Доколку не сте се пријавиле, а сакате, тоа може да го сторите на следниот линк.

Д-р Владимир Трајковски е редовен професор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација, на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е претседател и еден од основачите на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА). Веќе 21 година негова преокупација е аутистичниот спектар на нарушувања. Од 2008-2017 бил главен и одговорен уредник на списанието Journal of Special Education and Rehabilitation, а во моментот 2 години е главен и одговорен уредник ан интернационалното списание Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities. Во 2004 година го воведува предметот „Аутизам“ на постдипломските студии на Филозофскиот факултет.

Учествува на 90-тина се­ми­на­ри, конгреси, симпозиуми и конференции во земјата и странство. Активно партиципира во приготвувањето и реализирањето на 15 стручно-научни национални и интернационални проекти. Има остварено студиски посети во девет европски држави. Автор е на околу 100 трудови во домашната и странската периодика од кои 11 се во списанија со фактор на влијание. Од позначајните дела вредно е да се споменат: „Практикум по хумана генетика“ (2003), монографијата „Аутизам“ (2004), учебниците: „Ху­ма­на генетика“ (2005), „Медицински основи на инвалидноста (2008)“, „Физиологија со функционална анатомија“ (2009) и „Аутизам и первазивни развојни нарушувања (2011)“, Хумана генетика и физиологија (2018).

Во моментот е визитинг професор на универзитетот Алма Матер Еуропеа во Словенија, член на Ма­ке­до­нското здружение за хумана генетика, член на уредувачки одбори на 5 меѓународни списанија, а исто така дава свој при­до­нес во работата на разни тела на меѓународни асоцијации и зд­ру­же­ни­ја (Аутизам Европа, ЕАСПД, ИАССИД, МАМХ) кои го третираат ау­ти­з­мот, интелектуалната попреченост и инвалидноста.

ИО на МНЗА

Вебинари за аутизмот на членовите на МНЗА

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Во текот на месец мај и јуни во рамките на проектот „Социјални вештини и поддршка на семејствата кои имаат деца со аутизам“, а кој го реализираме со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ Македонија и Британската амбасада ќе реализираме вкупно 9 вебинари. Вебинарите ќе се реализираат преку професионалната верзија на програмот Zoom и ќе бидат наменети за специјални едукатори и рехабилитатори, психолози,  доктори по медицина, педагози, студенти, родители и сите други професионалци кои ги тангира оваа проблематика. Вебинарите ќе бидат стримувани во живо на Фејсбук страницата на МНЗА . За да учествувате на истите ќе треба да се пријавите на следната е-пошта secretary@mssa.org.mk и да добиете линк од секретарката на здружението. Вие драги посетители ќе можете да земете учество на вебинарите со прашања и дискусии.

Во прилог се петте вебинари предвидени за месецот мај. Запомнете дека сите се во четврток со почеток точно на пладне.

Тема /модул Предавач Модератор
     
1.       Сензорна пречувствителност кај аутистичен спектар на нарушувања Владимир Трајковски

 7 мај 12:00 часот

Ивана Василевска Петровска
2.       Визуелна поддршка + социјална интеракција и комуникација и предизвикувачко однесување Весна Филиповска

14 мај 12:00 часот

Александра Карагирова
3.       Сексуален развој и сексуална едукација Тања Станкова

 21 мај 12:00 часот

Весна Филиповска
4.       Проблеми во исхрана и спиење Владимир Трајковски

 28 мај 12:00 часот

Андреа Ивановска
5.       Родителски групи за поддршка Фики Гаспар

 4 јуни 12:00 часот

Весна Филиповска

 

ИО на МНЗА

20 години МНЗА – интернет кампања

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани читатели,

На 22 мај прославуваме 20 години од постоењето на Македонското научно здружение за аутизам. Поради ситуацијата со Корона вирусот, моравме да ја откажеме долгонајавуваната втора по ред Риатач конференција. Заради тоа сме приморани да направиме интернет кампања во која на овој блог ќе се споделуваат интересни содржини. Во оваа пригода би сакал да се заблагодарам на потпретседателката м-р Ивана Василевска Петровска, на Весна Филиповска за секретарската поддршка, за осмислувањето на содржините, на Наталија Петревска за помошта во преводите, на Андреа Ивановска за правењето на презентацијата и некои слики, на Ѓорѓи Поп Ѓорѓиев за веб админситраторството на официјалната веб страница. Потоа благодараност заслужуваат сите моментални членови на здружението, како и сите финансиски поддржувачи. Исто така во текот на месец мај и јуни можни се доста вебинари за аутизмот кои ќе бидат спровдени од наши членови.

Претседател на МНЗА