Претставување на презентерите на вебинарите – Весна Филиповска

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Денес ви ја преставуваме следната презентерка на вториот вебинар што ќе се одржи на 14.05.2020 во 12:00 часот преку платформата Zoom, а тоа е техничката секретарка на МНЗА, Весна Филиповска.

Весна Филиповска е специјален едукатор и рехабилитатор, редовно вработен во основно училиште ООУ Владо Тасевски-Скопје, како стручен соработник.

Студиите ги завршува на Институтот за специјална едукација и рехабилитација, на Филозофски факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј-Скопје во 2012 година. Во период од 2012год. до 2013 година работи како општински специјален едукатор во Општина Карпош, а од 2014 година е вработена во редовно основно училиште. Од 2018 година назначена е за секретар во Македонското научно здружение за аутизам, а со тоа активно вклучена во работа со деца и младинци со аутистичен спектар на нарушувања (АСН).

Континуирано учествува на конференции, семинари и вебинари наменети за унапредување на методи и техники за работа со деца со АСН, а има следено и  обуки за Функционална АБА (едукација за основен пристап) и Комуникација преку систем на размена на слики-  (РЕСЅ).

    Во моментот активно партиципира како обучувач за професионалци и родители  во спроведување на АСП проектот– Програма за социјални вештини и позитивно родителство за деца и семејства со аутизам.

ИО на МНЗА

Втор вебинар: Визуелна поддршка, социјална интеракција, комуникација и предизвикувачко однесување кај деца со АСН

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Имаме чест да ве поканиме на вториот вебинар што ќе се одржи во четврток на 14 мај со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што ќе ги одржат членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се во рамките на пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. “Вториот вебинар е со наслов: „Визуелна поддршка, социјална интеракција, комуникација и предизвикувачко однесување кај деца со АСН“, а ќе го реализира специјалниот едукатор и рехабилитатор Весна Филиповска, инаку секретар на МНЗА. Модератор ќе биде Александра Карагирова.

Вебинарот е наменет за родители, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Повелете регистрирајте се на следниот линк.

ИО на МНЗА