Претставување на презентерите на вебинарите – Фики Гаспар

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Денес ви го претставуваме следниот презентер на петтиот вебинар што ќе се одржи на 04.06.2020 во 12:00 часот преку платформата Zoom, а тоа е членот на ИО на МНЗА, м-р Фики Гаспар.

Фики Гаспар е лидер и одговорно лице на тимот со кој што раководи. Брзо приспособлив на повеќе активности, со способност за многубројна калкулација на разни исходи во одредена акција и личност со високо ниво на перцепција на активностите. Високо образование завршува во 2016 година на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје и се здобива со титулата Дипломиран психолог. Во 2019 година Фики Гаспар магистрира на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” и се здобива со титулата магистер педагошки психолог.

          Во периодот од 2016 до 2017 година, Гаспар посетува Неурофидбек тренинг и станува неурофидбек терапевт. Во 2017 година станува соработник во “Св.Кирил и Методиј” – Центар за посебни потреби, а истата година е и предавач во Косово. Во периодот од 2018 до 2019 година, Фики е дел од Едукацијата за Клиничка невропсихологија со невропсихолошка дијагностика, во организација на “Когниција” – Центар за невропсихологија, психотерапија и психологија. Тој во 2018 година се зачленува  во Македонското научно здружение за аутизам, каде што во 2019 година станува и член на извршниот одбор. Во 2019 година учествува и во Инклузивна Училница Ерасмус +, а покрај тоа е и член во ПСИХЕСКО – Зружение на студенти по психологија. Своите вештини и искуства ги надоградува постојано посетувајќи бројни обуки и конференции.

          Фики Гаспар моментно е управител на “Гаспар”- Центар за психофизичко здравје, неурофидбек терапевт и директор на Фондација “Митра Толупова” која работи на подобрување на психофизичкото здравје, афирмирање и инклузија во сите сфери на општественото живеење на лицата со попреченост, како и организирање и спроведување на едукативни настани, работилници и проекти.

Петти вебинар: Родителски групи за поддршка

Linkedin   
Whatsapp   

Драги родители, почитувани колешки и колеги

Имаме чест да ве поканиме на петтиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 4 јуни со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. “Петтиот вебинар е со наслов: „Родителски групи за поддршка“, а ќе го реализира м-р Фики Гаспар, психолог и член на ИО на МНЗА. Модератор ќе биде проф. д-р Владимир Трајковски.

Вебинарот е наменет за родители, психолози, специјални едукатори и рехабилитатори, наставници, студенти и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Сите заинтересирани повелете регистрирајте се на Zoom на следниот ЛИНК.

ИО на МНЗА