Tag: јубилеј
Што значи прифаќање на аутизмот?
Објаснуваат од Аутистичната мрежа за само-застапување (ASAN)
Што значи прифаќање на аутизмот?
Прифаќање на аутизмот подразбира уважување и вреднување на аутистичните лица како луѓе пред се, наместо страв од нас, поставување ниски очекувања, или обиди за изнаоѓање начини да бидеме не-аутистични.
Зошто би требало да ги прифатиме аутистичните лица?
Затоа што попреченоста е природен дел од човековото искуство. Аутизмот е природен дел од човековото искуство, и аутистичните лица се членови на нашата заедница, граѓани, пријатели, членови на семејството и пред се луѓе. Прифаќањето на аутистичните лица значи вреднување на човековите разлики и заложба сите да се вклучени, ценети, и да придонесуваат во заедницата.
Зошто би се грижеле за прифаќањето на аутизмот?
Помеѓу 1% и 2% од светската популацијата се лица со аутизам[*]. Најверојатно и вие познавате лице со аутизам. Прифаќањето значи дека сакате ние, лицата со аутизам, да бидеме тука.
Како изгледа прифаќањето?
Прифаќањето на аутизмот изгледа различно за различни луѓе во различни контексти. На пример прифаќање може да биде:
- Инклузивно образование;
- Да се информирате како да комуницирате со лицето со аутизам;
- Да се спротивставувате на стигмите и стереотипите за аутизмот и аутистичните лица;
- Да вработите аутистично лице за ист надомест како не-аутистично лице за иста работа;
- Пукање со прстите наместо плескање со рацете како аплауз за вашиот колега кого го вознемируваат силни звуци;
- Или, да ја употребите вашата позиција за да ни овозможите почитување и вклучување во заедницата.
Прифаќањето не е пасивна толеранција. Прифаќањето е акција.
Дали прифаќањето значи дека нема потреба од терапии, едукација, интервенција, едноставно допуштање детето да остане таму каде што е засекогаш? Дали прифаќањето е пасивно?
Не. Прифаќањето не е пасивно. Прифаќањето е акција. Прифаќањето значи правење сѐ што можете за детето со аутизам да порасне во што е можно подобар возрасен човек, поддржување на вашите аутистични пријатели во свет кој не е прилагоден за нив, и работа за да го направиме светот подобро, поинклузивно и побезбедно место за аутистичните лица од сите возрасти и способности.
[*] National Center on Birth Defects and Developmental Disabilities, Centers for Disease Control and Prevention , 2020 год.
Мај месец на 20 години МНЗА
Почитувани колешки и колеги,
Мај е месецот во кој го прославуваме 20 годишниот јубилеј од своето постоење. Роденденот ни е на 22 мај. Покрај нашите огромни напори во последната година да го прославиме роденденот со една голема конференција, заради Корона вирусот, тоа моравме да го откажеме. Но, ветуваме дека ќе го чествуваме јубилејот со многу активности на социјалните медиуми, како на овој блог, на Фејсбук, Твитер, Линкедин, Инстаграм. Ќе има доста едукативни содржини, фотографии, презентации, вебинари и слично. Искрено се надеваме дека ќе научите многу нови работи за аутизмот, дека родителите ќе имаат голема корист од онлајн поддршката што ќе им ја дадат наши четири дефектолози и логопеди, а финансирано од УНИЦЕФ Македонија. Ќе одржиме 9 вебинари во овие два месеци во кои се обработени доста интересни содржини, а во нив преку прогамто Зоом ќе може да се вклучите и вие драги читатели.
Нека ни е честит празникот на трудот! Нека ни се множат јубилеите!
Претседател на МНЗА
20 години МНЗА – интернет кампања
Почитувани читатели,
На 22 мај прославуваме 20 години од постоењето на Македонското научно здружение за аутизам. Поради ситуацијата со Корона вирусот, моравме да ја откажеме долгонајавуваната втора по ред Риатач конференција. Заради тоа сме приморани да направиме интернет кампања во која на овој блог ќе се споделуваат интересни содржини. Во оваа пригода би сакал да се заблагодарам на потпретседателката м-р Ивана Василевска Петровска, на Весна Филиповска за секретарската поддршка, за осмислувањето на содржините, на Наталија Петревска за помошта во преводите, на Андреа Ивановска за правењето на презентацијата и некои слики, на Ѓорѓи Поп Ѓорѓиев за веб админситраторството на официјалната веб страница. Потоа благодараност заслужуваат сите моментални членови на здружението, како и сите финансиски поддржувачи. Исто така во текот на месец мај и јуни можни се доста вебинари за аутизмот кои ќе бидат спровдени од наши членови.
Претседател на МНЗА