Почитувани родители, драги колешки и колеги,
Досега ние членовите од МНЗА завршивме 4 вебинари во месец мај. Остануваат уште 5 вебинари да се реализираат во месец јуни. Вебинарите се реализираат секој четврток во 12:00 часот на платформата Zoom, а се пренесуваат или во живо или одложено на официјалната Фејсбук страница на МНЗА и официјалниот Јутјуб канал на МНЗА. Вебинарите се во рамките на АСП програмата, а се финансиски поддржана од канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија и амбасадата на Велика Британија во Скопје.
Во продолжение преглед на презентерите, модераторите и насловите на темите за месец јуни. Придружете ни се!
5. Родителски групи за поддршка | Презентер
Фики Гаспар 4 јуни 12:00 часот |
Модератор
Владимир Трајковски |
6. Развојни аспекти на социјалните вештини и предизвици кај аутизмот | Ивана Василевска Петровска 11 јуни 12:00 часот | Весна Филиповска |
7. Процена и планирање на интервенција | Ивана Василевска Петровска 18 јуни 12:00 часот | Фики Гаспар |
8. Пристапи, стратегии и поддршка во интервенцијата | Ивана Василевска Петровска 25 јуни 12:00 часот | Александра Карагирова |
9. Активности за социјален и комуникациски развој | Весна Филиповска
30 јуни 12:00 часот |
Ивана Василевска Петровска |
ИО на МНЗА