Трибина на тема„ Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби“

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Вчера на 05.04.2019 во Националната галерија на Македонија се одржа втората по ред трибина на тема „Културолошка инклузија на лицата со посебни потреби“ во рамки на проектот „ Уметност за сите “. Со трибината посветена на културата како важен фактор на промена во процесот на социјална инклузија на лицата со посебни потреби се заокружува третата, претпоследна фаза на овој проект под покровителство  на амбасадата на Кралство Холандија во Република Македонија, чиј координатор е м-р Маја Димитрова.

На настанот свои излагања имаа г-ѓа Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, г-дин Енвер Хусеини – Државен секретар во Министерство за образование и наука, д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната Галерија на Македонија, м-р Драги Целевски, државен советник кај Народен правобранител, проф. Ибрахим Беди, Продекан на факултетот за ликовна уметност, проф. д-р Владимир Мартиновски, Катедра за општа и компративна книжевност при Филолошкиот факултет и м-р Ивана Василевска Петровска, дефектолог, потпретседател на Македонското научно здружение за аутизам.

М-р Ивана Василевска Петровска истакна дека општеството кое се стреми да биде инклузивно, има обврска да преземе соодветни мерки за да им обезбеди на лицата со аутизам можности за развој и користење на нивниот креативен, уметнички и интелектуален потенцијал, за нивна корист, како и придобивка за општетството.  Ваквите настани и активностите од овој проект, се еден придонес кон трансформирање на перцепциите во однос на лицата со аутизам. На овој начин сите општествени чинители можат да ги доживеат овие уметници  како нешто повеќе од аутистични. Преку ликовното творештво се креираат начини овие уметници да бидат видени како способни, а нивните силни страни да бидат видливи, вреднувани, посакувани и ценети.

Исто така, таа ја искористи оваа прилика да ги промовира активностите на МНЗА во следниот период во рамки на проектот Индивидуално насочено планирање за лицата со аутизам.

Трибината се одржа во во амбиентот на изложбата „ Пролет, лето, есен, зима… и повторно пролет“ изработена од учениците со аутизам, а беше прикажано краткото

видео на Кирил Шентевски, снимено за време на креативните работилници.

Потпретседател на МНЗА