Откажан настан во Кинотека на Македонија за 2 април

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани медиуми,

Пред малку ми се јавија од Кинотека на Македонија дека им се расипал проекторот и дека нема да можат да ни излезат пресрет по повод 2 април – „Светскиот ден на аутизмот“ во сабота во 12:00 часот. Им предложивме уште 2 термини на 6 и 9 април кои тие не ги прифатија заради претходно предвидената програма. Во таа насока НЕМА да се реализира настанот: „Дружење, дружење и само дружење“ и да продолжиме со дружењето со младинците со АСН преку проектот „Пријателски места за аутизмот“ во кој се одржуваа младински работилници секоја сабота со група на младинци со аутистичен спектар на нарушувања во седиштето на МНЗА, поточно на Филозофскиот факулет во Скопје. На 2 април НЕМА да биде прикажан филмот „Стела“.

Искрено жалиме за оваа ситуација и се извинуваме ако некого доведовме во заблуда заради оваа „виша сила“ која не можевме да ја предвидиме.

Со почит,

Претседател на МНЗА

Информација до медиумите по повод Светскиот ден на аутизмот

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани медиуми,

Оваа година повторно се вклучивме и во онлајн кампања на Аутизам Европа која се спроведува ширум Европа, а е наречена: „Среќно патување низ животот“ за да се нагласи дека е потребен холистички пристап во текот на целиот животен век и за да се осигуриме дека лицата со аутизам можат да ги уживаат своите права и да живеат среќни и исполнети животи. Се проценува дека 7 милиони луѓе се во спектарот на аутизам во Европската унија. Повеќето од нив доживуваат дискриминација во многу области од животот. Кампањата „Среќно патување низ животот“ има за цел да ги истакне грижите и желбите на лицата со аутизам и нивните семејства во однос на различни клучни прашања како што се пристап до образование, вработување, соодветна поддршка за инклузија, самостоен живот, пристапност и политичко учество, меѓу другите.

Оваа недела на нашите социјални медиуми Фејсбук, Твитер, Линкедин, Инстаграм беа споделени многу банери и постери со интересна содржина. Луѓето што сакаат да ја подржат кампањата можат слободно да ги споделуваат овие пораки користејќи го хаштагот #AutismDay2022.

Белешки до уредникот

Светскиот ден на аутизмот беше прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 2007 година како годишен ден за да се привлече вниманието за итните потреби на лицата со аутизам ширум светот.

МНЗА е национална асоцијација (составена од професионалци) со најдолг стаж веќе 22 години во полето на аутизмологијата во Македонија. Главна цел е да ги унапреди правата на лицата со аутизам и нивните семејства и да им помогне да го подобрат квалитетот на нивниот живот. Обезбедува ефективна врска со други меѓународни организации за аутизам и меѓународни научни и образовни институции.

За повеќе информации и интервјуа, Ве молиме искористе ги контактите од меморандумот.

Со почит,

Претседател на МНЗА