Почитувани колешки и колеги, драги родители
Имаме чест да ве поканиме на седмиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 18 јуни со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се дел од пректот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. Седмиот вебинар е со наслов: „Процена и планирање на интервенција кај аутизмот“, а ќе го реализира м-р Ивана Василевска Петровска, потпретседател на МНЗА. Модератор ќе биде м-р Фики Гаспар, член на ИО на МНЗА.
Вебинарот е наменет за специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти, родители и сите кои се заинтересирани за оваа област.
Повелете регистрирајте се на следниот ЛИНК.
ИО на МНЗА