Митови за аутизмот

Linkedin   
Whatsapp   
  1. Аутизмот е заразен. Не! Не можеш да се заразиш од некого со аутизам. Аутизмот е нешто со што луѓето се родени, како што се сините очи или црвената коса или мозок кој е многу добар во некои работи или има тешкотии во други нешта.
  2. Аутизмот е болест. Не! Аутизам е развојно нарушување со кое некои луѓе се родени, како што се дислексија или Даун синдром. Не е болест. Тој претставува еден вид попреченост.
  3. Аутизмот е трагедија. Не! Со правилна поддршка, аутистичните лица можат да одат на улилиште, да комуницираат, да работат, живеат во заедница, имаат пријатели, да се венчаат, започнат семејство, да гласаат, да ги извршуваат своите интереси или што и да сакаат да прават.
  4. Лицата со аутизам се вечно деца. Не! Лицата со аутизам растат. Аутистичен 20-годишник не е бебе во тело на 20-годишник – тој е аутистичен 20-годишник.
  5. Можеш да го надминеш аутизмот. Не! Аутизмот е доживотна развојна попреченост. Аутистичните деца пораснуваат во аутистични возрасни. Отприлика ист процент на деца и возрасни се аутистични.
  6. Аутизам значи да не можеш да зборуваш. Како пречка во комуникацијата стои во дијагнистичките критериуми за аутизам, но многу од лицата со аутизам ја развиваат способност да зборуваат. Околу 15-20% од лицата со аутизам не развиваат вербален говор. Тие користат аугментативна и алтернативна комуникација за да зборуваат.
  7. Аутизам означува интелектуална попреченост. Околу 70-75% од лицата со аутизам имаат интелектуална попреченост. Но, има лица со аутизам кои не се интелектуално попречени. Интелектуалната пречка не е дел од аутизмот, но некои лица ги имаат и двете.
  8. На лицата со аутизам им недостасува емпатија. Не! Аутистичните лица чувствуваат емпатија кон други лица. Луѓето со аутизам се луѓе, не се роботи.
  9. Сите аутистични лица се саванти. Околу 5% од лицата со аутизам имаат савантски способности, како фотографска меморија или помнење на датуми од календарот. Повеќето лица со аутизам не се саванти.
  10. Лицата со аутизам страдаат од предрасуди и дискриминација. Лицата со аутизам страдаат кога не добиваат поддршка и приспособување кои им се потребни, кога добиваат потстандардно или сегрегирано образование или живеалиште, кога се избегнувани во заедницата или невработени, кога нивните човекови права се загрозени, или кога се негирани нивниот пристап до комуникација и нивното право да донесуваат одлуки во врска со нивните животи, тела и иднина. Лицата со аутизам не страдаат од аутизам.
  11. Само момчињата се аутистични. Жена со аутизам ја напиша оваа листа со факти.

Како да се биде сојузник на лице со аутизам?

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувајте нè:

  • Не кажувајте понижувачки нешта за аутизмот, или не кажувајте дека аутизмот е болест која треба да се излечи. Аутизмот е дел од она што сме, не е ,,епидемија”.
  • Разберете дека чувствата или интеракциите кои за вас се нормални, за аутистично лице можат да бидат стресувачки или прекумерно стимулативни. Почитувајте ги нашите граници кога ќе ги поставиме, иако тие се невообичаени.
  • Репетитивните движења се многу важни за аутистичните лица. Почитувајте ги и не се обидувајте да ги сопрете.
  • Не користете функционални етикети (високо функционални, нико функционални). Постојат многу аспекти на функционирање, и начинот на кој функционираме може да варира од ден на ден.
  • Не користете термини како ,,идиот”, ,,ретардиран”, или ,,сакат”. Тие се најчесто користени за малтретирање и понижување на лицата со попречености.
  • Почитувајте ја телесната автономија. Попреченоста не ви дозволува да допрете некого без согласност, користете навредливи термини или на друг начин да контролирате нечие тело.
  • Почитувајте ги различните типови на комуникација. Некои аутистични лица користат асистивна и адаптивна технологија за да комуницираат (како кликање или ААС апликации). Ваквата комуникација е валидна исто колку и вербалната.