Активностите на МНЗА во 2025 година

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани посетители,

Сакаме да ги споделиме со вас активностите на МНЗА во текот на 2025 година во времетраење од 90 секунди. Им благодараиме на сите членови, соработници, волонтери, поддршувачи, родители и самите деца и лица со АСН. Погледнете го видеото.

Претседател на МНЗА

 

Одржано годишното собрание на МНЗА – 26.12.2025

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

На ден 26 декември 2025 година, во Центарот за социјални претпријатија, лоциран во срцето на главниот град, се одржа редовното годишно Собрание на Македонското научно здружение за аутизам.
Во рамки на Собранието, по спроведена дискусија и согласно Статутот на Здружението, едногласно беше избрано новото раководство со мандат од пет години, во следниот состав:
м-р Ирена Стојановска – член
м-р Фики Гаспар – член
м-р Теа Петрушева – член
Весна Филиповска – секретар
проф. д-р Владимир Трајковски – претседател
Со изборот на новото раководство се поставуваат темелите за континуитет, институционално зајакнување и понатамошен развој на научната, едукативната и општествената мисија на МНЗА.
На новоизбраното раководство му посакуваме многу успех, плодна соработка и значајни резултати во натамошната работа, во интерес на лицата со аутизам, нивните семејства и пошироката научна и стручна јавност.
ИО на МНЗА

Што да направат родителите кога ќе се посомневаат дека нивното дете има аутизам?

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани родители на деца со АСН,

Ви подготвивме водич како да постапувате ако се посомневате дека вашето дете има аутистичен спектар на нарушување (АСН).

1. Следете го развојот на детето

Обрнете внимание на следниве знаци (особено во првите 2 години):

  • Недостаток на контакт со очи;
  • Не реагира на повик на неговото име;
  • Одбивање физички контакт или гушкање;
  • Доцнење во говорот и комуникацијата;
  • Повторувачки движења (раце, нишање);
  • Избегнување социјална интеракција;
  • Прекумерна или никаква чувствителност на звуци, светлина, допир, мирис, вкус и др.
  • Не мора да ги има сите овие знаци за да биде АСН (може само некои).

2. Разговарајте со педијатарот

  • Изнесете ги вашите грижи конкретно: „Го викам, а не се врти…“, „Не кажува ниедна реченица“, „Се изолира од другите деца“, „Не ме гледа во очи квалитетно“.
  • Побарајте упат за понатамошна евалуација.

3. Побарајте проценка од стручни лица

Контактирајте со:

  • Детски психијатар (на пр. во Заводот за ментално здравје „Младост“ – Скопје)

  • Дефектолог

    • Клинички психолог

    • Логопед

    • Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) – (web: https://mssa.org.mk email: president@mssa.org.mk телефон: 078-346-565  – за насоки, дијагностика и консултации.
    • ГАСПАР центар консултации и прегледи кај проф. д-р Владимир Трајковски со закажување на телефон 071-375-700.

    4. Не чекајте дијагноза за да започнете со стимулација

    • Работете дома на говор, комуникација и интеракција преку игри;

    • Воспоставете рутина и визуелна поддршка (слики, табли со знаци);

    • Побарајте помош од логопед или дефектолог, дури и пред официјална дијагноза;

    • Читајте стручна литература: книги, брошури, научни трудови и сл.

    5. Запишете ги промените и однесувањето

    • Водете дневник со одредени ситуации и реакции на детето;

    • Овој материјал ќе им помогне на стручњаците да направат подобра проценка.

    6. Побарајте поддршка

    • Разговарајте со други родители (на пр. преку МНЗА, ФБ групи или други родителски здруженија);

    • Не сте сами – раната интервенција прави голема разлика!

    7. Првичен шок и прифаќање

    • Слободно изразете ги емоциите – шокот и стравот се нормални реакции.

    • Разговарајте со семејството и блиските – објаснете што е аутизам, без срам или стигма.

    • Побарајте прва поддршка од семеен лекар или педијатар кој ќе ве упати понатаму.

    8. Дијагноза: 

    Институции што вршат дијагноза во Македонија:

    • Завод за ментално здравје на деца и младинци – Скопје (познат како „Младост“)

    • Клиника за психијатрија – УКИМ, Скопје

    • Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје

    • Дефектолошки, психолошки и логопедски центри (приватни), како што е ГАСПАР центарот со 4 објекти во Скопје.

    Се вклучуваат следниве стручњаци:

    • Специјалист за аутизам
    • Детски психијатар
    • Клинички психолог
    • Логопед
    • Дефектолог
    • Невролог (по потреба).

    9. Изработка на индивидуален образовен план

    • По дијагнозата, детето има право на Индивидуален образовен план (ИОП) преку училиштето или градинката.

    • Соработувајте со специјални едукатори и психолози во установите.

    10. Терапии и интервенции (достапни кај нас)

    • Медикаментозен третман и биомедицински третман исклучиво по препорака на доктор по медицина;
    • Дефектолошки третман (психомоторна реедукација);
    • Логопедска терапија – достапна во јавни и приватни логопедски центри
    • Сензорна интеграција и физикална терапија – во приватни центри
    • Психо-социјална поддршка – преку Центрите за социјална работа или невладини организации;
    • Музикотерапија;
    • Индивидуално спортување;
    • Социјализација во градинки, игротеки и сл.

    11. Едукација и инклузија

    • Детето има право на инклузија во редовни градинки и училишта.
    • Може да се побара образовен асистент преку Министерството за образование и наука.
    • Посебни училишта постојат во Скопје, Битола, Штип, Струмица, и други градови.

    12. Права од социјална заштита и финансиска поддршка

    • Право на паричен надоместок по основ на туѓа нега и помош.
    • Право на инвалидска пензија (по навршени 26 години).
    • Право на бесплатен јавен превоз во одредени општини.
    • Се остваруваат преку Центрите за социјална работа – потребна е медицинска документација.
    • ЈЗУ Здравствен дом Скопје во 2020 година формираше Служба за функционална проценка на деца и млади во чиј состав функционираат 9 стручни тима за функционална проценка на деца и млади и еден стручен тим за координација.

    13. Поддршка за семејството

    • Разговарајте со други родители – групи за поддршка се достапни на Facebook и Viber.
    • Посетете предавања, обуки, семинари и вебинари што ги организираат здруженија како што е Македонското научно здружение за аутизам.
    • Грижете се и за вашето ментално здравје – можно е да добиете психолошка поддршка преку клиники и амбуланти од јавното здравство или приватни ординации.

    14. Долгорочно планирање

    • Размислувајте за иднината – како детето ќе биде функционално и независно.
    • Истражете можности за работна инклузија и дневни центри за возрасни.
    • Застапувајте го своето дете во образовниот и здравствениот систем.

    15. Воспоставување на дневни центри за возрасни
    Во Македонија, воопшто нема специјализирани дневни центри за возрасни со аутизам. Потребни се:

    • Центри што нудат структурирана дневна активност;
    • Професионална едукација, вештини за живеење и социјализација;
    • Поддршка од дефектолози, психолози и социјални работници.

    а. Работна инклузија и заштитени работни места

    • Преку индивидуален пристап и поддршка, некои лица со аутизам можат да бидат вработени
    • Потребно е да се формираат програми за обука, адаптирани на различните способности
    • Законот за вработување на лица со попреченост треба да се применува во практика.

    б. Поддршка за независно или полунезависно живеење

    • За оние со повисоко ниво на функционалност: менторирано или придружено живеење
    • За оние со повисоки потреби: групни домови со 24-часовна грижа, наместо институционализација.

    в. Правна и социјална заштита

    • Родителите/старателите треба да се информираат за можноста за старателство, законски застапници, социјална поддршка, итн.

    Среќни Велигденски празници!

    Претседател на МНЗА

    Understanding the Autism-Nutrition Connection

    Linkedin   
    Whatsapp   

    The connection between autism and nutrition is a fascinating and complex area of study. Research highlights several key aspects:

    1. Food Selectivity: Many individuals with autism spectrum disorder (ASD) exhibit food selectivity, meaning they have strong preferences for certain foods based on texture, color, taste, or presentation. Sensory sensitivities often play a significant role in these preferences.
    2. Nutritional Deficiencies: Due to limited food repertoires, individuals with ASD may consume fewer fruits, vegetables, and dairy products, leading to deficiencies in essential nutrients like vitamin D, calcium, and zinc. These deficiencies can impact overall health and development.
    3. Gut-Brain Axis: The gut-brain connection is an emerging area of interest. Gastrointestinal issues, such as bloating or acid reflux, are common in individuals with autism and may influence behavior and well-being. Addressing these issues through diet can be beneficial.
    4. Dietary Interventions: Some families explore dietary changes, such as gluten-free or casein-free diets, to manage symptoms. While these interventions may help some individuals, they are not universally effective and should be guided by healthcare professionals.
    5. Behavioral Impact: Nutrition can influence behavior and cognitive function. For example, ensuring adequate intake of omega-3 fatty acids and vitamins may support brain health.

    MSSA President


      КОН 2 АПРИЛ – СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА АУТИЗМОТ

      Linkedin   
      Whatsapp   

      Почитувани колешки и колеги, драги родители на децата со АСН,

      Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот е ден посветен на подигање на свеста, поттикнување, разбирање, прифаќање и чествување на животите и придонесите на лицата со АСН. Денес, ние ја осветлуваме убавината на различноста, важноста на прифаќањето и моќта на вклучувањето во општеството.

      Аутистичниот спектар на нарушување е невроразвојна состојба која влијае на тоа како поединците го перцепираат светот и како комуницираат со другите. Се проценува дека 1 од 32 луѓе во САД се во спектарот ‒ бројка што нагласува како аутизмот е суштински дел од нашата глобална заедница. Аутизмот не е нешто што треба да се „поправа“ или „излечи“; туку, тоа е поинаков начин на доживување на светот ‒ доказ за богатството на човековата различност.

      Патување до свесност и прифаќање

      Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот не е само подигање на свеста, туку се работи за за нивно прифаќање и силно општествено дејствување. Предолго, стереотипите и недоразбирањата ги обликуваа наративите околу аутизмот, создавајќи бариери за поединците од спектарот. Денес, и секој ден, мора да се посветиме на рушење на овие бариери. Станува збор за препознавање на уникатните способности, таленти и перспективи што луѓето со аутизам ги носат со себе.

      Ние сме инспирирани од поединци со АСН кои се истакнуваат во нивните определби – без разлика дали се во академската заедница, уметностите, технологијата или како првенци во застапувањето и претприемништвото. Овие лица нè потсетуваат дека аутизмот не е ограничување, туку тоа е спектар на неограничен потенцијал. Нивните успеси се доказ за тоа што може да се постигне кога има разбирање, можности и поддршка.

      Ние не можеме да ги игнорираме предизвиците кои сè уште постојат. Многу семејства се соочуваат со пречки при навигација во образовните системи, пристап до здравствена заштита и пронаоѓање инклузивни работни места. Аутизмот не е состојба која одговара на сите. Потребите на поединците многу варираат, а нашите системи мора да го одразуваат тоа со што ќе бидат прилагодливи, инклузивни и сочувствителни.

      Улогата на заедницата

      Градењето на навистина инклузивно општество бара сите нас – доктори по медицина, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, социјални работници, креатори на политики, работодавци, здравствени работници и другите членови на заедницата, да работиме заедно. Родителите и старателите неуморно се залагаат за своите најблиски. Наставниците и терапевтите со својата посветеност им помагаат на учениците со аутизам да го откријат својот потенцијал. Работодавците кои го ценат невродиверзитетот даваат пример на другите, создавајќи средини каде секој може да напредува.

      Но, вклученоста не застанува на училиштата или на работните места. Започнува во нашите домови, населби и пошироки општествени кругови. Треба да обезбедиме дека секој поединец, без оглед на неговите способности, треба да има чувство на припадност и почит од страна на заедницата. Вклучувањето значи препознавање на вредноста на различните перспективи и нивно прифаќање како силни страни.

      Важноста на дејствувањето

      Секој од нас има своја улога. Додека размислуваме за овогодинешната тема – Унапредување на невродиверзитетот и целите за одржлив развој на ОН – нека нè инспирира да преземеме акциони чекори:

      • Во образованието: да ги поддржиме едукаторите во разбирањето на аутизмот и опремувањето на училниците со алатки за задоволување на различни потреби.
      • На работното место: да се залагаме за невроразновидни практики за вработување, разбивање на заблуди за аутизмот и поттикнување иновации.
      • Во услугите за истражување и поддршка: да се заложиме за поголеми инвестиции во истражување за подобро да го разбереме аутизмот и да развиеме интервенции засновани на докази кои го подобруваат квалитетот на животот.
      • Во нашиот секојдневен живот: да им пристапиме на поединците со АСН со отворени умови и срца, подготвени да слушаат, да научат и да ги прифатат нивните уникатни искуства.

      Исто така, од витално значење е да се подигне гласот на лицата со АСН во секој разговор. Нивните искуства и приказни не се само вредни, туку тие се од суштинско значење за обликување на политики, практики и ставови.

      Порака за надеж

      На лицата со аутизам да им порачаме: Видени сте. Вие сте ценети. Вие внесувате неверојатна длабочина и перспектива на нашиот свет. Вашите придонеси се важни, а ние сме посветени на создавање општество каде што ќе бидете почитувани и поддржани за да ги остварите вашите соништа.

      За семејствата и старателите, вие сте хероите на ова патување. Вашата љубов, трпение и истрајност нè инспирираат сите нас. Знајте дека вашите напори прават длабока разлика во животите на вашите најблиски и во нашите заедници.

      За застапниците и сојузниците, вашите гласови го засилуваат повикот за вклучување и еднаквост. Да ја продолжиме оваа работа заедно, знаејќи дека промената е можна и дека сме посилни кога стоиме обединети.

      Додека го осветлуваме светот во сино денес, да се потсетиме дека свесноста е само почеток. Вистинскиот напредок лежи во разбирањето, прифаќањето и преземањето значајни активности за да се отстранат бариерите и да се создадат нови можности. Дозволете ни да се обврземе да го направиме секој ден можност да изградиме општество кое ги слави разликите, ја негува различноста и им дава моќ на сите да напредуваат. Ви благодариме што ни се придруживте на ова патување. Заедно, да изградиме посветла, поинклузивна иднина за сите.

      Претседател на МНЗА

      Зајакнување на учениците со аутизам преку спорт во Анталија

      Linkedin   
      Whatsapp   

      Почитувани посетители,

      Од 20 до 24 јануари 2025 година, проектот Еразмус+ „Поддршка на децата со аутизам преку физичко образование“ (2024-1-LT01-KA220-SCH-000246848) ги обедини едукаторите и специјалистите за аутизам и физичко образование од Литванија, Летонија Турција и Македонија во Анталија, Турција, на возбудлив и влијателен настан организиран од STACTULTID. На настанот имаше 21 гостин, а МНЗА го претставуваа м-р Фики Гаспар, Теа Петрушева и проф. д-р Владимир Трајковски.

      Учесниците ги тестираа и средуваа иновативните планови за часови и сценаријата за учење наменети за деца со нарушување на спектарот на аутизам. Овие наставни стратегии, развиени како дел од интелектуалниот резултат на проектот „Сеопфатна наставна програма за настава по физичко образование на ученици со аутизам“, се прилагодени да поттикнуваат вклучување, тимска работа и раст преку физичко образование.

      Што се случуваше во Анталија?

      • Ангажирање спортски активности и тестирање на часови во реални услови.
      • Сесии за повратни информации за да се усовршат инклузивните наставни стратегии.
      • Соработка меѓу проектните партнери за да се обезбедат најдобри резултати за учениците со аутизам.

      Ова беше тренинг настан и заеднички напор да се изгради посветла, поинклузивна иднина. Заедно, го отклучуваме потенцијалот и ги менуваме животите.

      Во рамките на овој проект МНЗА на 3 март ќе одржи семинар под наслов: „Аутизам, физичко образование и спорт“, на кој што ќе можат да учествуваат 20-30 наставници и професори по физичко образование и спорт.

      Претседател на МНЗА

      Обука за UNFPA за Сексуално и репродуктивно здравје и Родово базирано насилство кај лица со попреченост

      Linkedin   
      Whatsapp   

      На 10.06.2023 година Фондот за население на Обединетите нации (United Nations Population Fund – UNFPA) одржа обука за Сексуално и репродуктивно здравје и Родово базирано насилство (СРЗ и РБН), наменета за лица со попреченост и организации на лица со попреченост. Учесниците ја следеа обуката во просториите на ООН во Скопје и онлајн. На обуката учествуваше и Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) со свој претставник.

      Обуката беше организирана во осум модули.

      На почетокот, Нермина Факовиќ, претставник од Министерството за здравство ги презентираше меѓународните стандарди за зајакнување на одговорот на родово базираното насилство (РБН). Наведена беше и улогата на здравствените установи/работници во одговорот на РБН како и бариерите за здравствена заштита при РБН. Истакнато беше дека пристапот за обезбедување здравствени услуги при РБН треба да биде: родово чувствителен, фокусиран на жртвите и базиран на човековите права. Се претпочита да биде организиран во вид на интегриран одговор во постојните услуги, наместо во вид на самостојни, посебни услуги, особено во средини со ограничени ресурси.

      Потоа, специјалниот едукатор/рехабилитатор Ангела Николовска зборуваше за сексуалноста кај лицата со попреченост, пристапите до информации и потребата за образование за сексуалноста и сексуалното здравје кај овие лица.

      Наде Тофоска, социјален работник од Клиниката за гинекологија и акушерство, продолжи понатаму наведувајќи ги сексуалните и репродуктивните права на лицата со попреченост и најчестите начини на нивно кршење: наметната и/или присилна стерилизација, наметната/изнудена контрацепција, негирање на мајчинството, родителството и родителските права и сексуално и родово базирано насилство. Таа ги прикажа и бариерите со кои лицата со попреченост се соочуваат во пристапот до услугите за сексуално и репродуктивно здравје и последиците: непланирана бременост и неповолни исходи при раѓање, мајчински морбидитет и морталитет, сексуално преносливи инфекции, физичка и сексуална злоупотреба и силување, принудни здравствени практики и медицински процедури, ограничување и непочитување процедури, проблеми со менталното здравје. Беше прикажан примерот на Центарот за упатување на жртви на силување во рамките на Клиниката за гинекологија и акушерство.

      На клиничките аспекти на сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) кај лицата со попреченост се осврна доц. д-р Миле Тантуровски. Се дискутираше за специфичните влијанија на попреченоста врз сексуалното и репродуктивно здравје, како и специфичните тешкотии со остварувањето на потребите од СРЗ со кои овие лица се соочуваат, на пр. во врска со половиот развој, планирањето на семејство, бременост, породување, гинеколошко здравје и превенција. Тој посебно обрна внимание на потребата од специјалистичка интердисциплинарна здравствена грижа, фокусирана на потребите на лицето со попреченост и на колаборативно донсување одлуки, поради специфичноста на состојбата, можните коморбидни состојби и хронични медикаментозни терапии.

      На крајот, Ангела Николовска даде повеќе предлози и совети за подобра комуникација со лицата со попреченост во врска со сексуалното и репродуктивното здравје.

      Скопје, 10.06.2023

      Подготвила:

      Ирена Стојановска

      Манифест: Градење на инклузивно општество за аутистичните луѓе

      Linkedin   
      Whatsapp   

      Аутизам Европа (AE) е меѓународна асоцијација која ги претставува аутистичните лица и нивните семејства со 90 организации членки во 40 земји, вклучително и во 26 земји-членки на Европската унија (ЕУ). Аутизмот е сложена доживотна развојна попреченост која се доживува различно од секој поединец. Се проценува дека седум милиони луѓе во Европа се аутистични, имајќи предвид дека стапките на преваленција проценуваат дека најмалку еден од 100 луѓе се на спектарот на аутизам. Аутистичните луѓе се соочуваат со многу различни бариери за нивно целосно вклучување во општеството во текот на нивниот живот.

      Разберете го аутизмот и вреднувајте ги аутистичните луѓе

      Разбирањето на аутизмот и неговата различност е најважно за поттикнување на вклученоста и пристапот до соодветна поддршка за аутистичните лица во општеството. Исто така, неопходен предуслов е да се осигура дека аутистичните лица се прифатени и ценети онакви какви што се. Тоа значи активна борба против штетните предрасуди и дискриминација што ги доживуваат во сите сфери на животот и да се осигураме дека тие не се цел на малтретирање или нефер третман. Зголеменото разбирање на аутизмот во општеството ќе придонесе за отстранување на значајните бариери за аутистичните лица, како што се пристап до дијагноза, образование, навремена поддршка и интервенции, целосно учество во заедницата, влез на отворен пазар на труд или независно живеење со соодветна поддршка.

      Аутизам-Европа, исто така, ја повикува ЕУ и нејзините земји-членки да усвојат стратешки и интегриран европски пристап за да се задоволат потребите на аутистичните лица низ Европа и ги охрабрува земјите-членки на ЕУ да усвојат меѓусекторски национални стратегии или акциски планови, во согласност со UNCRPD и меѓународните препораки.

      Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) во целост го поддржува Манифестот на Аутизам Европа и ги повикува сите релевантни фактори во Македонија да ги применуваат овие препораки и законски регулативи.

      Целиот Манифест можете да го преземете ОВДЕ.

      Претседател на МНЗА