МНЗА започнува со тренинг обуки за индивидуално насочено планирање кај АСН

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, образовни асистенти, студенти и родители на деца со АСН,

МНЗА од 2018 година го спроведува проектот: „Индивидуално насочено планирање кај аутизам“ (2018-1-EL01-KA204-0047788) кој спаѓа во КА2 Еразмус плус програмата од Европската Комисија заедно со следните партнери:

  • Schoala Gimnazialia Smaranda Gheorghiu – Romania
  • Maendeleo for Children APS – Italy
  • Parvi Nationalen Centar po Dyslexia – Bulgaria
  • DADAA – Greece
  • ShipCon – Cyprus
  • Cyclisis – Greece (Coordinator).

Во рамките на овој проект МНЗА во јуни ќе организира онлајн обуки и плус самостојно учење на кандидатите кои ќе се пријават.

Учеството на обуките е бесплатно!

Времетраењето на обуките ќе биде 20 часа, од кои 12 часа онлајн обуки и 8 часа самостојно учење со наша поддршка.

Предавањата ќе ги изведува тимот на МНЗА.

Сите учесници ќе добијат сертификати за присуство со аналитички опис на модулите и резултатите од учењето.

Вебинарите се наменети за:
• Родители / браќа и сестри / старатели или општ круг на поддршка на аутистични лица, како и на аутистични лица кои сакаат да учествуваат;
• Едукатори, советници и / или волонтери во училишта или образовни организации;
• Олеснувачи, негуватели или лица кои размислуваат да ги преземат овие улоги во иднина;
• Претставници од организации, невладини организации;
• Студенти и постдипломци од ИСЕР, педагогија, психологија, социјална работа итн;
• Луѓе кои знаат аутистично лице и сакаат да научат повеќе, како и оние кои генерално се заинтересирани за оваа тема.

Учесниците ќе имаат ран пристап до целиот едукативен материјал и можат слободно да го користат во согласност со нивните потреби или институцијата во која припаѓаат. Учеството на првата и последната сесија е задолжително за добивање на потврда за присуство. Останатите сесии можат да да се реализира преку самостојно учење.

Сите кои се заинтересирани за учество се повикуваат да го пополнат формуларот за регистрација најдоцна до 20.05.2021 година, проверувајќи ги модулите и да заокружат два модули кои сакаат да ги слушаат преку онлајн обуки, а последниот е задолжителен за проценка на материјалот за обука, дискусија и можно вмрежување на учесниците меѓу нив. Обуките имаат за цел да ја поддржат интеракцијата на учесниците, така што учеството е важен аспект. Бројот на учесници е ограничен на 25 и прифаќањето ќе биде по принципот прв пријавен, прв услужен.

Модулите опфаќаат низа предмети поврзани со аутизмот што се однесуваат на специфични карактеристики и однесување, методологијата за планирање насочена кон личноста, како и процесите на вклучување и интеграција на аутистични лица во континуирана едукација.

Обуките ќе се одржат во месец јуни, а за ш точните датуми дополнително ќе бидете известени преку е-пошта. Во еден ден обуката може да трае најмногу 4 часови.

МНЗА

Завршен извештај за проект од Комерцијална банка-Скопје

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, драги родители на деца со АСН

Чувствувам потреба како транспарентен човек да споделам делови од завршниот извештај што го поднесов до финансиерот на проектот „Родителите не ги оставаме сами“ Комерцијална банка АД Скопје. Во продолжение извадоци:

Македонското научно здружение за аутизам е прво вакво здружение кое редовно комуницира со семејствата и добро ги познава проблемите со кои се соочуваат при што на разни начини се бараат решенија за нивно надминување. Врз основа на контактите, спроведените научни истражувања и состојбите на теренот, веќе подолго време произлегува потребата за подобар начин на информирање, почести средби на тематски вебинари поврзани со аутизмот, креирање на материјали за поддршка, како и психосоцијална поддршка на семејствата на децата со аутизам и пошироката заедница. МНЗА работи 21 година на подигнување на свесноста за АСН и подобрување на квалитетот на живот на семејствата кои имаат деца и лица со АСН.

Целта на овој проект беше да се направат онлајн советодавни прегледи на децата со АСН, да се направат обуки и едукација на родителите за проблемите и потребите со кои се среќаваат децата со аутистичен спектар на нарушувања и да се креираат материјали кои ќе можат слободно да се симнуваат од веб страницата на МНЗА.

Програмата за обука беше дизајнирана да им обезбеди на учесниците сеопфатно запознавање и информации за понатамошно развивање на нивните вештини, методите и етиката поврзани со процесот на едукација на децата со АСН.

Целокупната програма за обука беше реализирана преку шест модули:

  1. Проблеми во исхрана и спиење кај аутистичен спектар на нарушувања проф. д-р мед. Владимир Трајковски
  2. Поттикнување на самостојноста и разбирањето кај деца со аутизам м-р Ивана Василевска Петровска
  3. Интерактивни игри за развој на основните социјални вештини кај децата со АСН Весна Филиповска
  4. Нутриција и ментално здравје кај деца со аутистичен спектар на нарушувањапроф. д-р мед. Владимир Трајковски
  5. Поттикнување на комуникацијата и социјалниот развој кај деца со аутизам м-р Ивана Василевска Петровска
  6. Интерактивни активности за развој на социјалната комуникација кај деца со аутизам Весна Филиповска

 

 ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

 Обуки преку вебинари

Програмските модули за обука беа реализирани во периодот од март 2021 до април 2021 година. Во текот на периодот на спроведување на обуката беа испорачани 4 вебинари (по 2 во секој циклус со време траење од 4 часа, три модули во првиот и три модули во вториот ден). Бројот на учесници по циклус на обука беше од 10 до 30 родители.

Во месец март 2021 година беа реализирани два вебинари:

  • На 5 март со 30 учесници
  • На 10 март со 26 учесници

Во месец април 2021 година беа реализирани два вебинари:

  • На 2 април со 18 учесници
  • На 7 април со 10 учесници.

Во реaлизацијата на 6-те програмските модули, односно 4-те вебинари, учествуваа вкупно 84 родители. За сите вебинари постојат фотографии кои може да се најдат на Фејсбук страницата на здружението https://www.facebook.com/MSSAutism.

 Третмани на деца со АСН

Третманите на децата со АСН беа изведени во два приватни центри за стимулација и развој и тоа во „Гаспар“ од Скопје и „Старс“ од Велес во периодот март-април 2021 година.

Во „Гаспар“ центарот беа изведени 20 неурофидбек третмани, 5 логопедски третмани и 25 дефектолошки третмани на вкупно 5 деца.

Во „Старс“ центарот беа изведени 60 дефектолошки третмани и тоа на 5 деца по 12 часови.

Дијагностичко консултативни и советодавни прегледи

Во периодот од јануари до април 2021 година проф. д-р Владимир Трајковски направи дијагностичко консултативни и советодавни прегледи на 25 деца со АСН преку онлајн програмот Скајп. Прегледите беа во времетраење од 30 до 60 минути зависно од дете до дете. За сите постои документација со фотографија од прегледот. Беше констатирана или потврдена дијагнозата АСН. Беше посочен биомедицински третман и други битни совети за подобра рехабилитација. Во текот на сите прегледи беше пружена и психосоцијална поддршка на семејствата како и охрабрување со насоки за понатамошен третман.

Изработка на отворени образовни ресурси (ООР) и материјали за поддршка на деца и лица со аутизам

Во периодот од јануари до април 2021 година м-р Ивана Василевска Петровска и Весна Филиповска изработија отворени образовни ресурси (ООР) и материјали за поддршка на деца и лица со аутизам кои се прикачени на веб страницата на МНЗА и може слободно да се симнуваат, да се гледаат и да се користат.

М-р Ивана Василевска Петровска ги заврши следните задачи:

  1. Подготовка на едитабилни визуелни распореди во дигитална форма – 4 документи
  2. Подготовка едитабилни табли за избор во дигитална форма – 3 документи
  3. Подготовка на едитабилни токен системи во дигитална форма – 4  документи
  4. Изработка на интерактивна игра за препознавање емоции кај други – 1 документ
  5. Изработка на интерактивна игра за увежбување на гестот за покажување – 1 документ
  6. Изработка на едитабилни социјални приказни во дигитален формат – 10 документи
  7. Изработка на видео упатства за секој тип на материјали – 15 видео записи.

Весна Филиповска ги заврши следните задачи:

  1. Изработка на едитабилни социјални приказни во дигитален формат – 11 документи
  2. Активност за препознавање емоции кај себе во дигитален формат – 1 документ
  3. Подготовка на визуелен распоред за социјална игра, во дигитален формат – 1 документ
  4. Подготовка на визуелни знаци во дигитален формат – 1 документ
  5. Подготовка на визуелен распоред за анализа на задача, дигитален формат – 1 документ
  6. Изработка на видео упатства за секој тип на материјали – 15 видео записи.

 

ЗАКЛУЧОЦИ

            Од изведените 4 обуки, како и од анализата на коментарите на родителите може да се изведат следните заклучоци:

  • Кај родителите постоеше ниско ниво на познавање на проблематиката на аутистичниот спектар на нарушувања (АСН);
  • Кај нив постоеше голем интерес за добивање на нови информации поврзани со проблемот;
  • Повеќе од оправдано е спроведувањето на овој проект бидејќи родителите добија доста корисни теоретски и практични инфомрации поврзани со АСН, добија совети за третман и рехабилитација на нивните деца, добија отворени образовни ресурси кои можат да ги симнат слободно во секое време и секако некои од нив добија бесплатни третмани во двата горенаведени центри;
  • Аутистичниот спектар на нарушувања претставува сериозен ментално здравствен, образовен, финансиски и социјален проблем во Македонија и затоа треба да биде национален приоритет.

 

ПРЕДЛОЗИ

            Врз основа на изнесените заклучоци, МНЗА ги дава следните предлози:

  • Неопходна е доедукација за АСН на сите родители на деца со АСН;
  • Се укажува потреба од понатамошна соработка меѓу општествено одговорни компании и Македонското научно здружение за аутизам;
  • Ќе биде од огромно значење ако и другите општествено одговорни компании го следат примерот на Комерцијална банка АД Скопје и поддржат вакви слични проекти;
  • Потребна е интензивна соработка меѓу приватниот сектор, НВО секторот и ресорните министерства со цел подобра специјална едукација и рехабилитација на оваа категорија ранливи деца;
  • На државно ниво неопходно е креирање на национален регистер за АСН и градење на национална стратегија за деца и лица со АСН.

Претседател на МНЗА

Напомени за вебинарот со д-р Мануел Казанова

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, студенти, драги родители на деца со АСН

Како што веќе беше знаете, минатиот понеделник реализиравме вебинар со проф. д-р Фред Волкмар и истиот помина одлично. Во понеделник на 26 април гостин ни е д-р Мануел Казанова во 18:00 часот. Постоеше огромен интерес и заради тоа не сме во можност на сите да им обезбедиме ЗУМ линк. Во текот на викендов секретарката на здружението на сите што се одредени да го следат вебинарот преку ЗУМ ќе им испрати линк. Ве молиме да НЕ го споделувате линкот со други лица, заради точно ограничениот број од 100 лица на платформата. Ве молиме да се приклучите на вебинарот најдоцна до 17:55 часот. Притоа вашите микрофони и камери да бидат исклучени за цело време на презентацијата. На крајот од предавањето ќе има дозволено прашања и дискусија и тогаш ќе можете да се вклучите со аудио и видео или да поставите прашање преку четот.

Сите останати кои сакаат да го следат вебинарот во живо, а нема да ја имаат таа можност да го следат преку ЗУМ, ќе може тоа да го сторат преку официјалниот Јутјуб канал на МНЗА и официјалната Фејсбук страница на МНЗА.

За третиот вебинар со Паула Бартоломеус што ќе се одржи на 10 мај има уште 4 места останато на ЗУМ. Пријавувањето е задолжително преку Гугл формуларот.

Ви благодариме на довербата.

Со почит,

МНЗА

Напомени за вебинарот со проф. д-р Фред Волкмар

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, студенти, драги родители на деца со АСН

Како што веќе беше претходно објавено, наредниов период започнуваме со серијата вебинари – светските експерти за аутизмот од престижни универзитети. Во понеделник на 19 април гостин ни е проф. д-р Фред Волкмар во 18:00 часот. Постоеше огромен интерес и заради тоа не сме во можност на сите да им обезбедиме ЗУМ линк. Во текот на утрешниот ден (недела) секретарката на здружението на сите што се одредени да го следат вебинарот преку ЗУМ ќе им испрати линк. Ве молиме да не го споделувате линкот со други лица, заради точно ограничениот број од 100 лица на платформата. Ве молиме да се приклучите на вебинарот најдоцна до 17:55 часот. Притоа вашите микрофони и камери да бидат исклучени за цело време на презентацијата. На крајот од предавањето ќе има дозволено прашања и дискусија и тогаш ќе можете да се вклучите со аудио и видео или да поставите прашање преку четот.

Сите останати кои сакаат да го следат вебинарот во живо, а нема да ја имаат таа можност да го следат преку ЗУМ, ќе може тоа да го сторат преку официјалниот Јутјуб канал на МНЗА и официјалната Фејсбук страница на МНЗА.

За вториот вебинар со проф. д-р Мануел Казанова што ќе се одржи на 26 април има уште многу малку места останато на ЗУМ. Пријавувањето е задолжително преку Гугл формуларот.

Ви благодариме на довербата.

Со почит,

МНЗА

МНЗА нуди обуки и работилници

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги, родители на деца со АСН, драги студенти,

Членовите на Македонското научно здружение за аутизам во својата скоро 21 годишна практика имаат одржано многу предавања, семинари, обуки, работилници, вебинари и слично. Затоа на пошиорката стручна и научна јавност сакаме да им ги понудиме следните модули кои можете сами да си ги организирате и да ги нарачате во групи. Додека трае пандемијата со Ковид-19 тие би биле реализирани само како вебинари. Потоа можеме да организираме обуки и работилници и со физичко присуство. Темите кои ги нудиме се следните:

  1. Вовед во аутистичен спектар на нарушувања;
  2. Специјална едукација и рехабилитација кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  3. Окупациона терапија кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  4. Социјална поддршка кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  5. Психолошка поддршка кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  6. Методи и интервенции базирани на докази во специјалната едукација на аутистичен спектар на нарушувања;
  7. Визуелна поддршка и структурирано подучување во училницата;
  8. Социјално – наративниот метод во поддршката на децата со аутистичен спектар на нарушувања: социјални приказни, социјални скрипти, видео моделирање;
  9. Развој на социјални вештини кај децата со аутистичен спектар на нарушувања – креирање и имплементација на едукативна интервенција;
  10. Управување со предизвикувачкото однесување;
  11. Управување со сензорните нарушувања: процена на причините и стратегии за поддршка;
  12. Сексуален развој, сексуална едукација кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  13. Проблеми во исхраната кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  14. Проблеми во спиењето кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  15. Нутриција и ментално здравје кај деца со аутистичен спектар на нарушувања;
  16. Генетско тестирање и генетско советување кај аутистичен спектар на нарушувања;
  17. Медицински и здравствени аспекти кај лица со аутистичен спектар на нарушувања;
  18. Биомедицински третман кај аутистичен спектар на нарушувања;
  19. Натуралистички, развојни и бихејвиористички пристапи во едукативните интервенции за децата со аутизам;
  20. Ефективен бихејвиорален план за поддршка за ученикот со аутизам, базиран на анализа на причините и функцијата на проблематичното однесување;
  21. Превенција на аутистичен спектар на нарушувања.

Оваа листа на модули не е конечна и може во иднина да биде проширена со други теми и содржини. Модулите се наменети за специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, педагози, социјални работници, доктори по медицина, студенти, родители на деца со АСН и нивните семејства и сите други кои ќе покажат интерес од оваа тематика.

Предавачи на модулите се: м-р Ивана Василевска Петровска, м-р Тања Станкова, м-р Фики Гаспар, Весна Филиповска, Стојан Андонов, Александра Карагирова, вонр. проф. д-р Владимир Илиевски и проф. д-р Владимир Трајковски.

Ги очекуваме вашите пријави.

Со почит,

Претседател на МНЗА

МНЗА започна со реализација на новиот проект во соработка со Општина Карпош

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани колешки и колеги,

Со особено задоволство сакаме да ве известиме дека МНЗА започна со реализација на проектот: „Зајакнување на капацитетите кај професионалците за проблемите и потребите на децата со аутистичен спектар на нарушувања, во предучилишните и училишните установи“ со финансиска поддршка од општината Карпош, Скопје. Првата обука се реализираше со вработените од градинката „Пролет“ на 22 и 23 декември 2020 година преку платформата ЗУМ. Во обуката учествуваа околу 70-тина учесници од оваа предучилишна установа од територијата на општината Карпош.

Цели на проектот:

  • Вработените во погореспоменатите предучилишни и училишните установи во Општина Карпош – Скопје ќе се запознаат со сите аспекти на аутизмот како проблем во општеството, на семејството и на институциите (детекција, дијагностика, едукација, современи методи на пристап при третманот на аутизмот, адаптација на просторот и материјалите за работа, како и социјалната заштита на лицата со АСН).
  • Планирање на развој на услуги кои им се потребни на децата со аутизам и нивните семејства со кои би им се подобрило функционирањето во општествената заедница и соработка заради задоволување на индивидуалните потреби на детето со аутизам и семејството.
  • Донесување заклучоци за идните насоки на делување, преку комуникација и размена на искуства меѓу родителите и дружење на родителите и децата со одржување на заеднички средби.

 Целна група, целно подрачје и локација:

  • Целната група се вработените во погореспоменатита пет предучилишни и пет училишни установи, децата  и родителите.
  • Целно подрачје и локација е општина Карпош.
  • Со проектот се очекува да се зголеми јавната свест, знаењата и информираноста за инклузија на деца со аутизам,  поддршка на нивните семејства и нивните права, а преку обезбедување на дидактички материјали да се зголеми квалитетот на третманот на децата со аутизам.

Предавачи на обуката беа:

  • Проф. д-р Владимир Трајковски – Вовед во аутистичен спектар на нарушувања (АСН)
  • Стојан Андонов, дипломиран окупационен терапевт – Окупациона терапија кај деца со АСН
  • Александра Карагирова, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор – Специјална едукација кај деца со АСН
  • Вонр. проф. д-р Владимир Илиевски – Социјална поддршка кај децата со АСН

Сите учесници на обуката ќе добијат електронски сертификат за учество на 8 часовна обука од страна на МНЗА. Доколку сте заинтересирани да погледнете слики од настанот повелете кликнете ОВДЕ.

Им благодариме на учесниците од градинката „Пролет“ за интересот што го покажаа. Исто така благодариме на целата администрација на општината Карпош, како и на советниците кои го препознаа овој проект и решија да го финансираат.

Претседател на МНЗА

Прашалник за достапност на јавни простори за лица со аутизам

Linkedin   
Whatsapp   

Почитувани родители на АСН, колешки и колеги,

Во рамките на AFS проектот кој го спроведуваме во рамките на Еразмус плус програмата, заедно со колеги од Малта, Шпанија, Аутизам Европа го креиравме следниот Прашалник за достапност на јавни простори за лица со аутизам кој е креиран на платформата SurveyMonkey. Ве молиме одвоите 3 минути од вашето драгоцено време во пополнување на истиот, а резултатите ќе ни бидат од голема корист во развивање на алатки, кои пак ќе бидат од огромна корист за лицата со аутистичен спектар на нарушувања во Македонија.
Ви благодариме на соработката!
Претседател на МНЗА

Прирачник за родители на деца со состојби од аутистичен спектар и професионалци од нивниот круг на поддршка

Linkedin   
Whatsapp   

ПРЕДГОВОР

Состојбите од аутистичен спектар не престануваат да ја интригираат светската и домашна јавност пред сè поради зачестеноста во нивното појавување, поради нејасните механизми за појава на состојбата и, секако, уште повеќе поради непостоењето унифициран третман. Тешкотиите во сферата на социјалниот развој и остварувањето интеракција и комуникација со средината се сметаат за клучна вулнерабилност кај аутизмот. Тешкотиите во социјалното функционирање се најсилниот фактор што ја предвидува дијагнозата, но и прогнозата кај овие состојби. Во последната декада, истражувањата потврдуваат дека овие рани отстапувања во социјалниот развој придонесуваат за развој на широк спектар предизвици во учењето, што понатаму имаа негативно влијание врз целокупниот развој на детето и врз неговото приспособување во средината.

Нашето практично и теоретско искуство го негира сфаќањето дека децата со аутизам не се социјални или дека немаат желба за социјална интеракција и комуникација. Напротив, децата со состојби од аутистичниот спектар често не располагаат со вештини за секојдневно социјално однесување, па овие тешкотии треба да се препознаат и да се опфатат во една сеопфатна индивидуална програма. Со оглед на важноста на социјалните интервенции за децата со аутизам, императив за професионалците и родителите е да имаат пристап до ресурси посветени на социјалното однесување.

Прирачникот што е пред вас нуди различни пристапи, практики и сугестии базирани на докази за родителски вештини за деца и млади со аутизам. Важно е да се нагласи дека поради хетерогената природа на состојбите од аутистичен спектар, но и воопшто во однос на различните родителски стилови, не постои еден унифициран пристап. Имено, пристапи што се ефикасни кај едно дете, може да се несоодветни и/или неефикасни кај друго. Затоа овој прирачник треба да се третира како водич, имајќи ја предвид варијабилноста на успешноста на одреден пристап во зависност од детето. Сепак, принципите опишани од авторите можат да имаат широка примена и да им бидат од корист на голем број семејства на деца со состојби од аутистичниот спектар. Истовремено, овој прирачник е вредна алатка што ќе им користи на различни профили професионалци вклучени во поддршката на децата во нивната секојдневна работа. Освен семејствата, при конципирање на овој прирачник ги имавме на ум наставниците, специјалните едукатори и рехабилитатори, логопедите, психолозите, педагозите, медицинарите, негувателите во градинките, социјалните работници, личните и образовните асистенти, како и идните професионалци, како што се студентите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација и многу други стручни профили кои ќе покажат интерес за оваа тема.

Прирачникот „Поддршка на социјалниот развој и позитивното родителство“ претставува прво вакво четиво објавено во земјава, и тоа на три јазици: македонски, англиски и албански. Во него се обработени 7 поглавја, со кои целосно се опфатени курикулумот за едукација на професионалци и родители и обуките реализирани во неколку јавни установи од социјалната заштита и преку серија виртуелни работилници и вебинари во периодот од јануари до јуни 2020 година. Воведниот дел, во кој се дадени основните карактеристики на ова первазивна состојба, е подготвен врз основа на материјалот изработен од проф. д-р Владимир Трајковски, користен за потребите на обуките. Второто поглавје ги опишува развојните аспекти на социјалните вештини и социјалната комуникација и најчестите предизвици со кои се соочуваат децата со аутизам. Во третото поглавје се дадени насоки за процена на социокомуникациските вештини и рамка за планирање на интервенцијата. Четвртото поглавје ги објаснува практиките базирани на докази и видовите пристапи во подучувањето на оваа ранлива категорија деца. Овие три поглавја се подготвени врз основа на материјалот користен за потребите на обуките, а изработен од м-р Ивана Василевска Петровска. Во петтото поглавје, големо внимание е посветено на начините и алатките за поддршка на детето, и тоа: организациска поддршка, социјалната поддршка, поддршката на комуникацијата и бихејвиоралната поддршка. Петтото поглавје е подготвено врз основа на материјали изработени од м-р Ивана Василевска Петровска и проф. д-р Владимир Трајковски, кои беа користени за потребите на обуките.

Во поново време се зголемува и нашето разбирање за огромното влијание на сензорната чувствителност кај состојбите од спектарот, па на оваа тема е пристапено од практичен аспект во шестото поглавје, кое е подготвено од проф. д-р Владимир Трајковски. Последниот дел, но не и најмалку важен, е сексуалниот развој и сексуалната едукација, неизоставно врзани со социјалното однесување на децата. Седмото поглавје е подготвено врз основа на материјалите искористени за потребите на обуките, а изработени од м-р Тања Станкова.

Прирачникот изобилува со голем број илустрации и примери од практиката што ќе бидат од голема помош за професионалците и родителите.

Ја изразуваме нашата благодарност до рецензентите м-р Радмила Стојковска Алексова и Ирена Лозана, за укажаните забелешки и вредни предлози за приближување на ракописот до неговите ценети читатели. Голема благодарност заслужуваат вработените во канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Владата на Обединетото Кралство за финансиската поткрепа на овој прирачник.

 Скопје, јули 2020 година

Авторите

Прирачникот  на три јазици со слободен пристам можете да го симнете на следниот ЛИНК.

Создадете предвидливост за децата со аутизам

Linkedin   
Whatsapp   

Ова е една од оние работи што може да биде тешко неаутистичен мозок да ја разбере. Толку многу луѓе копнеат за промени и новини, но нашите ученици обично не се тие луѓе. Ја разбирам вознемиреноста што се појавува со промени во распоредот или со погрешно поставени предмети во училницата. Овие изгледаат како мали нешта на моите пријатели и семејството, но тие не мислат на моето тело.

Кога ги структурираме нашите рутини во училницата, ја зголемуваме можноста на нашите ученици да ги покажат своите вештини. Ние создаваме простории каде нашите ученици можат да се чувствуваат повеќе под контрола на нивниот свет. Ова не значи само предвидливост во нашиот дневен распоред, иако тоа е важно. Тоа значи предвидливост во начинот на кој ние одговараме на нашите ученици. Тоа значи предвидливост во нашите очекувања за работа. Тоа значи воспоставување јасни почетоци и завршувања на задачите што ги даваме. Тоа значи дека ние ги подготвуваме нашите ученици кога ќе се случи промена. Тоа значи дека сочувствуваме со нив кога промената е производство на вознемиреност или фрустрација. Тоа значи дека никогаш не кажуваме ниту мислиме, „да го надминеме тоа”.

Визуелните и текстуалните структури можат да бидат неверојатна предност при воспоставувањето на овие рутини, и тие имаат тенденција да бидат моето најчесто користено прилагодување. Што може да се разјасни? Какви визуелни потсетници можеме да понудиме? Слики на очекувања? Модели на завршена работа? Пишани упатства да одговараат на нашите вербални? Може да биде едноставно како цртеж на белешка, или високо-технолошки како дигитален планер. Не станува збор за самата алатка. Се работи за процена на потребите на нашиот ученик и нивно задоволување.

Запознајте ги сетилните потреби на децата со аутизам

Linkedin   
Whatsapp   

Сензорните потреби не се избор.

Треба да создадеме околина што ќе овозможи сензорни разлики, со најразлични алатки за сите ученици за употреба. Во основа: излезете од колосек. Не мислам дека некогаш можам да создадам план што одговара на потребите на детето подобро отколку што самите ги исполнуваат. Работните дискусии се претвораат во „обликување” на сензорната потреба на ученикот во нешто удобно за остатокот од групата. Тогаш возрасниот човек одлучува што, кога и каде е прифатливо ученикот да ја изрази својата потреба. Ова не е добро. Ова бара од нашите ученици со аутизам да се маскираат за нас.

Во мојата училница, имаме простории на кои учениците можат да пристапат на сопствената временска маса. Имаме места за да бидеме тивки. Имаме простори да бидеме гласни. Имаме широк спектар на предмети за гестикулација или џвакање или манипулирање. Ние дозволуваме да стојат, да седат на различни столчиња, да шетаат и да бидеме во просторот на кој било начин што е погоден за нивното тело. За учениците кои сè уште не знаат што им треба, ние ги истражуваме и играме со овие предмети бидејќи откриваат што ги прави да се чувствуваат безбедно и како да се залагаат за себе.

Најголем страв е дека овие работи ќе бидат одвлекувачи на вниманието. Или: „Но, тогаш сите ќе сакаат да го користат!” Па? Ова беше и стравот кога училниците почнаа да користат флексибилно седење, но брзо наставниците дознаа дека ова им помага на сите ученици. Ако ја промениме нашата училница, тогаш можеме да се фокусираме на задоволување на потребите на нашите ученици наместо да ги елиминираме одвлекувачите. Ветувам дека ова многу повеќе исполнува.