Јавен оглас за учество на дете/лице со аутизам во програма на свечена академија

Почитувани,

Македонското научно здружение за аутизам распишува јавен оглас во врска со свечената академија што ќе се одржи по повод 25 години од постоењето на организацијата. Свеченоста ќе се одржи на 21 мај во Скопје во вечерните часови. Ги повикуваме сите деца и младинци со аутизам кои можат да се вклучат со рецитал, уметничка точка (песна, драма или танц), или да прикажат уметнички фотографии во фоајето на објектот. Настапот треба да трае најмногу 3 минути во програмата. Право на пријавување имаат сите деца и младинци со аутистичен спектар на нарушување од Македонија, а рокот за пријавување трае до 17 март. Селекцијата ќе се врши по принципот прв пријавен, прв селектиран. Искрено се надеваме дека ќе најдете желба и интерес да учествувате на овој наш инклузивен настан.

Потребно е да се пријавите со име и презиме и каква точка сака и може да изведе вашето дете. Пријавата доставете ја на е-пошта на president@mssa.org.mk.

Ви благодариме на соработката!

Претседател на МНЗА

Зајакнување на учениците со аутизам преку спорт во Анталија

Почитувани посетители,

Од 20 до 24 јануари 2025 година, проектот Еразмус+ „Поддршка на децата со аутизам преку физичко образование“ (2024-1-LT01-KA220-SCH-000246848) ги обедини едукаторите и специјалистите за аутизам и физичко образование од Литванија, Летонија Турција и Македонија во Анталија, Турција, на возбудлив и влијателен настан организиран од STACTULTID. На настанот имаше 21 гостин, а МНЗА го претставуваа м-р Фики Гаспар, Теа Петрушева и проф. д-р Владимир Трајковски.

Учесниците ги тестираа и средуваа иновативните планови за часови и сценаријата за учење наменети за деца со нарушување на спектарот на аутизам. Овие наставни стратегии, развиени како дел од интелектуалниот резултат на проектот „Сеопфатна наставна програма за настава по физичко образование на ученици со аутизам“, се прилагодени да поттикнуваат вклучување, тимска работа и раст преку физичко образование.

Што се случуваше во Анталија?

  • Ангажирање спортски активности и тестирање на часови во реални услови.
  • Сесии за повратни информации за да се усовршат инклузивните наставни стратегии.
  • Соработка меѓу проектните партнери за да се обезбедат најдобри резултати за учениците со аутизам.

Ова беше тренинг настан и заеднички напор да се изгради посветла, поинклузивна иднина. Заедно, го отклучуваме потенцијалот и ги менуваме животите.

Во рамките на овој проект МНЗА на 3 март ќе одржи семинар под наслов: „Аутизам, физичко образование и спорт“, на кој што ќе можат да учествуваат 20-30 наставници и професори по физичко образование и спорт.

Претседател на МНЗА

Supporting Children with Autism through Physical Education – Erasmus Plus Project

Почитувани колешки и колеги,

Од 1 до 3 октомври во Каунас, Литванија се одржа првиот состанок во рамките на новиот Еразмус плус проект на МНЗА под наслов: „Поддршка на децата со аутизам преку физичко образование“ (201-1-LT01-KA220-SCH-000246848).

Клучни прашања на состанокот беа:
🎯Презентација на проектот;
🎯 Партнери / презентации на координаторот;
🎯 Користење на Google диск, внатрешна комуникација, партнерски договор;
🎯 Надзор на проектот, план за итни случаи;
🎯 Управување со проекти, извештаи за напредок, евалуација, табели
🎯Проектни трошоци, готовински тек-реални трошоци, одржливост
🎯Расподелба на резултати од проектот;
🎯Презентација на резултатите од проектот и поделба на задачите кон партнерите.
Партнери во проектот се:
  1. Kauno Prano Daunio ugdymo centras (Литванија)
  2. UNIVERSITY OF CUKUROVA (Туркије)
  3. Македонско научно здружение за аутизам (Македонија)
  4. MULTI-ACT STD (Туркије)
  5. Valmieras novada pasvaldibas Valmieras Gaujas krasta vidusskola attistibas centrs (Летонија)
  6. Rēzeknes pamatskola – attīstības centrs (Летонија).

Од МНЗА претставници на состанокот беа Весна Филиповска и м-р Фики Гаспар, членови на ИО. Нека ни е со среќа новиот проект!

Претседател на МНЗА

Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе студираат и текст

CUPID лесно читлива брошура за лица со интелектуална попреченост

Почитувани лица со интелектуална попреченост и вашите семејства,

За потребите на CUPID COST проектот изработивме лесно читлива брошура со која треба да го промовираме проектот кај сите лица со интелектуална попреченост и нивните семејства. Можете да ја погледнете овде, а исто така секој ден по една страница ќе биде споделувана на нашите социјални медиуми. Ги очекуваме вашите коментари, доколку имате забелешки за подобрување на истата на следната е-пошта: president@mssa.org.mk.

Претседател на МНЗА

24. вебинар „Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“

Почитувани колешки и колеги, драги студенти,

МНЗА продолжува со спроведување на вебинарите „Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“ и веќе на репертоарот во вторник на 07.11.2023 година е д-р Јасир Ахмед Сајед кој ќе предава на тема: „Како хромозомскиот локус 1q21.1 го зголемува ризикот за нарушувања од спектарот на аутизмот“. Вебинарите не се наплатуваат. Потребно е задолжително пријавување на сите заинтересирани на следниот ФОРМУЛАР. За да добиете линк за Мајкрософт Тимс потребно е да оставите точно име и презиме и е-пошта. Сертификат што некому живот значи не се добива.

Ве очекуваме!

Претседател на МНЗА

Завршна онлајн конференција од проектот: „Вклучување преку социјални вештини за ученици со аутизам и интелектуална попреченост“

Почитувани колешки и колеги, драги родители на деца со АСН и ИП,

Имам особена чест да ве поканам на завршната онлајн конференција од Еразмус плус проектот: „Вклучување преку социјални вештини за ученици со аутизам и интелектуална попреченост“ што ќе се одржи преку платформата ЗУМ на 06.11.2023 година со почеток во 17:00 часот. Во последните две години МНЗА, заедно со раководителот на проектот ОУ „Милоје Павловиќ“ од Белград и ФАСПЕР од Белград, Србија направи корисни материјали за наставниците и асистентите кои работат во редвониот образовен систем. Пријавувањето е задолжително на следниот ЛИНК. Само со оставање на точни податоци и точна е-пошта ќе можете да го добиете ЗУМ линкот. Во прилог е програмата на настанот. Го очекуваме вашето присуство и вашиот придонес на самата конференција.

Претседател на МНЗА,

МНЗА заедно со колеги од универзитетот во Кардиф презентираше заеднички труд

Почитувани колешки и колеги,

Со особено задоволство сакам да ве информирам дека членови на МНЗА беа коавтори на колеги од Универзитетот во Кардиф, на денес завршениот 14-тиот Балкански конгрес по Хумана генетика, што се одржа во Скопје од 5 до 7 октомври. Постерот го презентираше м-р Ирена Стојановска, а трудот е со наслов: THE IMPACT OF WHITE MATTER ALTERATIONS IN 16P11.2 DELETION AND DUPLICATION SYNDROME. Нашиот асптракт се наоѓа на 99 страница, а целиот зборник можете да го симнете ОВДЕ. Во продолжение постерот и апстрактот во форма на слики. Честитки до сите од тимот.

   

Забелешка: сите автори се сложија позади нашето име да стои зборот Македонија, како што е во постерот. Но, од за нас неразбирливи причини организаторот во апстрактот го сменил во пежоративното име. Јавно се оградуваме од овој чин и го осудуваме.
 
Претседател на МНЗА

Повик до организации и здруженија на лица со интелектуална попреченост

Почитувани,

Ги покануваме сите организации и здруженија на лица со интелектуална попреченост да се вклучат со проектниот тим за превенција од рак кај лицата со интелектуална попреченост (CUPID) за да ја увидат важната област за превенција од рак за лицата со интелектуална попреченост. CUPID е проект финансиран од COST Акцијата при ЕУ.
Во моментов има ограничено знаење меѓу Европа за превенција од рак кај лицата со интелектуална попреченост. Многу надворешни и внатрешни фактори влијаат на ангажманот во здравствената заштита кај оваа популација што резултира со долгорочни здравствени последици. За личноста, предизвиците со комуникацијата, когнитивните способности и капацитетот за одлучување влијаат врз ангажманот во здравствената заштита. Дијагнозите на рак кај луѓето со ИП често се понапредни отколку кај општата популација и смртните случаи од рак кај оваа популација се јавуваат 20 години порано од општата популација. Факторите кои влијаат на нееднаквата здравствена состојба и прераната смрт кај лицата со интелектуална попреченост бараат понатамошна истражувања.
Важно е да се развијат врски за соработка со заедниците во ЕУ за истражување и давателиte на услуги за да се постигне консензус за решавање на овие предизвици. CUPID воспоставува активни работни партнерства со професори, специјални едукатори, истражувачи, невладини организации, негуватели, лица со интелектуална попреченост и креатори на политики. Дополнителни информации можете да погледнете на нашата веб-страница: https://cupidproject.eu
Со нетрпение очекуваме дополнително да се поврземе со вас во проектот CUPID во текот на следните две години и многу го цениме учеството на вашите организации во CUPID. Вашиот интерес за учество треба да го изразите на следната е-пошта: president@mssa.org.mk
Во писмото на намери треба да го напишете името на вашата организација, контакт лицето, контакт е-пошта, адреса на организацијата и веб страница.
Претседател на МНЗА