МНЗА на социјалните медиуми

Почитувани читатели,

МНЗА речиси секојдневно е присутно со објави на социјалните медиуми каде што се обидува да го едуцира населението и да помогне на семејствата кои имаат деца и лица со аутизам во Македонија. Тоа го правиме од љубов кон својата струка и желба да придонесеме кон подобро утре на оваа ранлива категорија.

 

Претседател на МНЗА

МНЗА организатор на 2 април

Почитувани читатели,

МНЗА први започнаа да го чествуваат 2 април – меѓународниот ден за подигнување на свесноста на аутизмот уште во 2011 година, иако од ОН беше за прв пат прогласен во 2007 година. Тоа значи дека не сме доцнеле многу зад светот. Организиравме 4 големи манифестации во изминатите 9 години и мноштво на објави на нашите социјални медиуми со што сметаме дека доволно придонесовме за едукација на населението во Македонија.

Претседател на МНЗА

Projects of MSSA

Dear colleagues and readers,

In 20 years history MSSA realized 15 domestic and international projects.  We want to put accent in last 5 years. In this period there are four projects from which someones are still ongoing. They are: Equity and social inclusion through positive parenting”, “A hollistic approach of person-centred planning for people with Autism”, “Autism Social Skills and Positive Parenting Programme”, “Autism Friendly Spaces”.

President of MSSA

Претставување на презентерите на вебинарите – Тања Станкова

Почитувани колешки и колеги,

Денес ви ја преставуваме следната презентерка на третиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 21.05.2020 во 12:00 часот преку платформата Zoom, а тоа е техничката м-р Тања Станкова, долгогодишен член на МНЗА.

М-р Тања Станкова е дипломиран дефектолог. Работи како училишен дефектолог во ООУ„Ѓорче Петров“-Скопје. Дипломските студии ги завршува во 2010 година на Институтот за специјална едукација и рехабилитација, на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистерските студии ги започнува на Универзитетот во Осло, Норвешка, во рамки на програмата Специјална едукација, а ги завршува на Институтот за специјална едукација и рехабилитација, на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 2018 година, со одбрана на магистерскиот труд Сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања – примена на техниката Социјални Приказни, под менторство на Проф. д-р Владимир Трајковски. Од 2011 година таа е член на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) (www.mssa.org.mk).

Автор е на пет научни трудови: Вработување на лица со аутизам во Р. Македонија 2010 година; Инклузија на ученици со посебни образовни потреби во редовните училишта во Р. Македонија, 2012; Стратегии за комуникација со лица со Високо функционален аутизам и Аспергер синдром, 2012; Едукативен пристап за отстранување на несоодветно сексуално однесување кај лица со интелектуална попреченост, 2014; Примена Социјални Приказни во сексуална едукација на ученици со развојни нарушувања.

Обучувач: „Спречување на родово базирано насилство и дискриминација меѓу лицата со попреченост од јавната установа Бања Банско, 2019-2020“; „Програма за социјални вештини и позитивно родителство за деца и семејства со аутизам (асп), 2019“; „Постапување со деца со попреченост, жртви на насилство, 2018“; „Едукација за сексуалност и врски за лица со попреченост, 2016-2017“; „Сексуална едукација за лица со попреченост, 2016; Рана детекција на деца со попреченост, 2016“.

ИО на МНЗА

Основачи на МНЗА

Почитувани читатели,

На 22 мај 2000 година пет ентузијасти, луѓе пред се` хуманисти решија да го формираат Македонското научно здружение за аутизам. Овие пет професионалци се многу заслужни за она што денес претставува здружението во македонското општество.

Претседател на МНЗА

Трет вебинар: Сексуален развој и сексуална едукација кај деца со АСН

Почитувани колешки и колеги,

Имаме чест да ве поканиме на третиот вебинар што ќе се одржи во четврток на 21 мај со почеток во 12:00 часот во рамките на серијата вебинари што веќе ги одржуват членовите на Македонското научно здружение за аутизам. Вебинарите се во рамките на проектот: „Социјални вештини и позитивно родителство кај деца со АСН“, финансиски подржан од УНИЦЕФ МК и Амбасадата на Велика Британија во Македонија. “Третиот вебинар е со наслов: „Сексуален развој и сексуална едукација кај деца со АСН“, а ќе го реализира специјалниот едукатор и рехабилитатор м-р Тања Станкова, долгогодишен член на МНЗА. Модератор ќе биде Весна Филиповска. Вебинарот ќе се реализира на платформата Zoom, а ќе биде пренесуван во живо и на официјалниот Јутјуб канал на МНЗА.

Вебинарот е наменет за родители, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, наставници, студенти и сите кои се заинтересирани за оваа област.

Драги посетители, повелете пријавете се на следниот ЛИНК.

ИО на МНЗА

Articles in scientific journals

Dear colleagues,

Members of MSSA have published over 60 articles in domestic and predominantly in international scientific journals. Less than 10 of them are in impact factor journals. With this we are giving small contribution to world scientific map. We will continued to work hard on promoting Macedonian autism special education and rehabilitation and medical aspects as well.

President of MSSA

Учества на членовите на МНЗА на меѓународни собири

Почитувани колешки и колеги,

Во своето 20 годишно постоење членовите на МНЗА имаат учествувано на стотина меѓународни конференции, конгреси, семинари и симпозиуми со што ја оправдуваат својата цел на научно здружение. Со тоа придонесуваат да се чуе гласот на македонската научна мисла во светски рамки. Тие учества биле не само во балаканските земји, туку и во Велика Британија, Белгија, Холандија, Луксембург, Русија, Австрија, Ирска, Полска, Унгарија,  Италија, Кипар, Шпанија и многу други држави.

Претседател на МНЗА

Цели на МНЗА

Почитувани колешки и колеги,

Во своето дејствување МНЗА си има зададено мноштво на цели и задачи. Дел од нив речиси секојдневно се реализираат од неуморните членови. Предлагам да ги разгледаме преку илустрацијата најзначајните од нив.

Претседател на МНЗА

МНЗА организатор и соорганизатор на трибини

Почитувани колешки и колеги,

Во својата 20 годишна историја МНЗА беше организатор и соорганизатор на 5 стручно научни трибини и тоа не само за аутистичниот спектар, туку и за Даун синдромот. Илустрацијата кажува доста за нашите активности.

Претседател на МНЗА